Кошаркарскиот клуб „Вардар“ од Скопје ја доби организацијата на финалниот турнир од М12 лигата-жени.
Понудија најдобри услови за организирање на турнирот кој следува на 27. и на 28. мај, а ќе се игра во нивната сала „Под Кале“ во Скопје.
Одредени се и сатнините на одигрување на полуфиналните натпревари.
Во првото полуфинале кое ќе се игра на 27.мај (сабота), ќе играат екипите на Вардар и Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, закажано е за 12.часот. А два часа подоцна, од 14. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Патриот 2016 од Делчево и Струга 2009.
Победникот, кој за прв пат, ќе добие и парична награда во висина од 25.000 денари ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 28.мај (недела) од 14.часот. Поразената екипа во финалниот натпревар ќе биде парично наградена со 15.000 денари.
Натпреварот за третото место е предвиден за недела, од 12.часот. Победникот на оваа средба, освен бронзените одличја ќе добие и парична награда во висина од 10.000 денари, а исто толку средства од вкупниот награден фонд од 60.000 денари, кој го предвиде федерацијата за овој финален турнир, ќе добие и екипата која ќе заврши како четвртопласирана на овој собир.
М12 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
27.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
12.00: Вардар – Баскет Кам 2011
14.00: Патриот 2016 – Струга 2009
28.МАЈ (НЕДЕЛА)
12.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)
14.00: Финале (победник 1) – (победник 2)