Во вториот полуфинален натпревар од „Фајнал-фор“ турнирот од М18 лигата во Гевгелија, екипата на Вардар делуваше доста сигурно против гевгелиски Кожув, и тоа во најголем дел од играта, што на крајот го крунисаа со убедлив триумф и пласман во финалето, каде ги чека Водно Санс, кој во првото полуфинале го победи Феникс 2010.
ВАРДАР – КОЖУВ 97:74
Максимално ефикасно од самиот старт почнаа кошаркарите на Вардар. Уште во првата фаза од натпреварот се стекнаа со двоцифрено водство, кое на истекот на првата четвртина изнесуваше 11.поени, (27:16).
Тоа како да ги одреди понатамошните случувања на вториот полуфинален натпревар од финалниот тунир во М18 лигата.
За разлика од противникот, „ вардарци“ продолжија со ефикасната игра и во вториот период во кој испорачаа ист број на поени 27, како и во првата.
Затоа и на полувремето имаа уште поубедливо водство (54:39).
Освен Најков, комплетната прва петорка на Вардар веќе беше „двоцифрена“. А по големиот одмор, со својата доминација под двата коша, продолжи Лукановски, кој на средина од третата четвртина веќе имаше дабл-дабл ефект од 23.поени и 15.скока.
Но во оној втор дел од овој трет период, гевгеличани успеаја, макар и за момент, негативата да ја сведат на едноцифрена, намалија на (56:65). Но Лукановски се погрижи да не биде така, со својот 25.поен, постави (67:56).
А по серијата (9-2) на почетокот на последната четвртина, Вардар се одвои на (76:58) и го најави пласманот во големото финале на јуниорската лига.
Па по освоената титула во М14 лигата, Вардар ќе се обиде да биде најдобар клуб и во највозрасната – М18 лига.
Лукановски застана на ефект од 27.поени и 19.скока, Марјановиќ го следеше со 20.поени, но и 8.успешни додавања, и 7.скока, Трајковски уште 17.поени (и 8.скока), а Младеновски даде 15.
Во домашната екипа, ,Ичев постигна 19.поени, Букрлишев реализираше 16, а Кузманов три помалку-13..
Победникот на финалниот турнир во Гевгелија ќе биде познат по одигрувањето на финалето Вардар/Кожув – Водно санс, кое на програмата е на 21. мај (вторник) од 19. часот. А нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото место во кој ќе се сретнат домаќинот на турнирот, екипата на Кожув и Феникс 2010.
М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПОЛУФИНАЛЕ
Водно Санс – Феникс 2010 84:78
Вардар – Кожув 97:74
21.МАЈ (ВТОРНИК)
16.00: За трето место Кожув – Феникс 2010
19.00: Финале Водно Санс – Вардар
*Сите натпревари се играат во салата „26.април“ во Гевгелија