20.06.2021

Второто место за Водно Санс Партизан, Дино Баскет третопласиран

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардар шампион во машката конкуренција до 15 години

Помладите кадети на Вардар се закитија со шампионската титула во возрасната категорија за кошаркари до 15 години откако во денешното финале на завршниот турнир беа подобри од врсниците од Водно Санс Партизан со 78-86 односно 18-26, 26-21, 20-17 и 14-22 по делници.

За најкорисен играч (MVP) е прогласен кошаркарот на Вардар, Марко Луканоски.

Третото место им припадна на кошаркарите на Дино Баскет кои во борбата за медал се надигруваа со врсниците од МЗТ Скопје Аеродром. Младите момци од клубот од Кочани беа подобри од младите штркови со 83-79 односно 27-16, 19-22, 19-17 и 18-24 по делници.