09.06.2022

Водно Санс се закити со бронзените медали

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Вардарци се шампиони во М14!

По два натпреварувачки дена и речиси 250 реализирани поени подоцна - Вардар е новиот шампион во возрасната категорија до 14 години во машка конкуренција!

Извонредна игра и доминација на секое поле на теренот прикажаа младите кошаркари на Вардар кои ги надиграа своите противници, како во полуфиналето така и во финалниот натпревар за конечен пласман во оваа возрасна категорија. Играчите кои го носат црвено-црниот дрес на денешниот финален натпревар го скршија отпорот врсниците од Феникс 2010 со 110-72 односно 28-23, 23-18, 27-16 и 32-15 по делници со што се закитија со шампионскиот трофеј.
За најкорисен играч (MVP) е прогласен Григориј Ѓорѓевиќ од Вардар.



Во рамки на третиот натпревар пак, кошаркарите на Водно Санс се искупија за вчерашниот висок пораз од шампионот во првиот полуфинален дуел откако во натпреварот за трето место го совладаа тимот нд Куманово 2009. Скопската екипа славеше со 93-72 односно 29-15, 24-8, 14-28 и 26-21 по делници.

М14 F4 мажи резултати:
8.06.2022
Полуфинале 1: Вардар - Водно Санс 139-41
Полуфинале 2: Феникс 2010 - Куманово 2009 66-64

9.06.2022
Натпревар за трето место: Водно Санс - Куманово 2009 93-72
ФИНАЛЕ: Вардар - Феникс 2010 110-72

Повеќе фотографии од натпреварите од завршниот турнир се објавени на Facebook страницата на КФСМ. Снимки од натпреварите се достапни на YouTube каналот на КФСМ.