09.06.2022

Во финалето го победија Бадел 1862 (53:41), Крива Паланка го освои третото место на турнирот по победата над екипата на Струга 2009 од (40:38)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: „Вардарки“ се најдобрите во М14 лигата

Екипата на Вардар е најдобрата во М14 лигата-жени за сезоната 2021/2022...

Младите кошаркарки од „Под Кале“ стигнаа до две победи на финалниот турнир во Крива Паланка. По победата против Струга 2009 во полуфиналето, во доста израмнет финален натпревар, беа поуспешни и од своите врснички од екипата на Бадел 1872. Доволно да го подигнат победничкиот трофеј и ги добијат златните медали.

ВАРДАР - БАДЕЛ 1862    53:41

Младите кошаркарки на Вардар имаа предност од првиот момент на финалето во Крива Паланка. На крајот на првиот период се стекнаа со сосема солидни (15:7), кои избраничките на тренерот Славица Наков успеаја и да ги сочуваат до истекот на првото полувреме. 

Имаа идентичен вишок од осум поени (28:20).

На почетокот на третиот период, девојчињата во „црвено-црна“ комбинација имаа и двоцифрена предност од (32:22). Но „баделки“ возвратија со своја серија на поени, по која дојдоа на само два поени негоатива (33:35). Но за кратко, затоа што дојде редот поени да дава Вардар, шест во серија, за ново одвојување, сега на стандардниот плус осум, (43:35), на осум минути пред крајот на финалниот меч. Не попуштија до крајот „вардарки“ во обидите да ја сочуваат таа постојана позитива.

Јана Пислевска – најдобар играч на турнирот

Кошаркарката на Вардар, Јана Пислевска беше прогласена за најкорисен играч на завршниот турнир кој во изминатите два дена беше успешно организиран во Крива Паланка.

Младата кошаркарка на Вардар одигра значајна улога на двете средби од завршницата. Во полуфиналето беше на чекор до четирикратен ефект. Постигна 16.поени, но освен тоа имаше и 11. освоени топки, 9. скока и 8. асистенции. Во финалето, нејзиниот учинок беше сличен, 26.поени,10 освоени топки, девет скока и една асистенција.

Бронзените медали за Крива Паланка

Во натпреварот за третото место, екипата на Крива Паланка излезе како победник против Струга 2009 (39:37).

Неверојатна завршница имаше натпреварот кој одлучуваше која од двете екипи ќе си замине дома со бронзените одличја. Домашните кошаркарки испуштија убава шанса да го решат прашањето на победникот уште во регуларниот дел.

СТРУГА 2009 - КРИВА ПАЛАНКА     38:40

Но им дозволија на стружанки да се вратат, и да имаат напад за победа. Но за жал, не го реализираа, па при резултат (39:39), мораше да се игра продолжение од пет минути. Во него Крива Паланка одигра нешто подобро, доволно за минимална победа.

Груевска реализираше 17.поени, а Велковска додаде уште 15 во триумфот вреден бронзени медали за одличниот организатор на завршниот турнир. Кај Струга 2009, Муртезаи ја надмина двоцифрената бариера, постигна 13.поени. 

ЗАВРШЕН ТУРНИР-М14 ЛИГА-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ

ПОЛУФИНАЛЕ

Вардар – Струга 2009     58:33

Бадел 1862 – Крива Паланка    59:50

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Струга 2009 - Крива Паланка      38:40

ФИНАЛЕ

Вардар - Бадел 1862     53:41