05.06.2022

Во „малото финале“ беа подобри од Бадел 1862 (82:64) доволно за бронзени медали на турнирот во Делчево

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: „Вардарки“ убедливи, стигнаа до третото место во М16 лигата

Младите кошаркарки на Вардар се освојувачи на третото место на завршниот турнир од М16 лигата-жени, кој овој викенд се игра во Делчево.

БАДЕЛ 1862 – ВАРДАР    62:84

Иако првата четвртина им припадна на кошаркарките на Бадел 1862, со сосема солидни (24:20), во продолжението од натпреварот, девојките во „црвено-црна“ комбинација ја преземаа контролата над играта, и на резултатот.

До полувремето, направија пресврт, поведоа со (40:31). Но тука не застанаа, напротив, како одминуваа минутите, така растеше и нивната предност. До крајот на третата четвртина веќе имаа недостижни (65:51).

До бронзените одличја ги водеше одличната Ања Начевска, која направи  неверојатен дабл-дабл ефект, изразен преку реализација на 33.поени и 11.скока (плус и три додавања) за 31:43 минути во игра.

Но имаше одлични партнерки во нападот во Пишлевска, која уфрли 13, и Мартиновска, стрелец на десет поени.

Кај Бадел 1862, Алексова даде 19.поени, Стојковска 13, а Димковска уште 11.поени

Од 18.30 часот, во големото финале на завршниот турнир од М16 лигата-жени, ќе се сретнат екипите на Патриот 2016 и Тим Арена.

МЛАДИНСКИ ЛИГИ – М16-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Патриот 2016 – Вардар  68:58

Бадел 1862 – Тим Арена            48:55

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Бадел 1862 – Вардар      62:84

ФИНАЛЕ

18.30: Патриот 2016 – Тим Арена