01.06.2022

За титулата државен првак, ќе се борат екипите на Работнички 2018, Водно Санс, МЗТ Скопје Аеродром и МКК Куманово

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Викендов, финален турнир во М18 лигата-мажи

По завршувањето на натпреварите од четвртфиналната фаза, познати се и четирите екипи кои ќе одлучат кој ќе биде државен првак во М18 лигата во машка конкуренција.

Овој викенд, поточно во сабота, на распоредот е финалниот турнир кој стартува со полуфиналните натпревари.

Во првото полуфинале од турнирот кој ќе биде во организација на КФСМ, а ќе се игра во големата сала на СРЦ „Кале“ во Скопје, од 17.часот, ќе разигруваат екипите на Работнички 2018 и на Водно Санс.

Нешто подоцна, од 19.30 часот, на истото место силите ќе ги одмерат екипите на МЗТ Скопје Аеродром и на МКК Куманово.

Поразените екипи од двете полуфинални средби во недела од 17.часот, ќе се борат за третото место.

Од 19.30 часот е закажано големото финале по кое ќе стане јасно кој ќе биде шампион во М18 лигата-мажи.  

ЗАВРШЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

4. ЈУНИ (САБОТА) – ПОЛУФИНАЛЕ

17.00: Работнички 2018 – Водно Санс

19.30: МЗТ Скопје Аеродром – МКК Куманово

5. ЈУНИ (НЕДЕЛА) – ЗА ПЛАСМАН

17.00: За трето место

19.30: Финале