По доставениот список од канцеларијата на КФСМ за регистрација на своите кошаркари во оваа категорија пријавени се вкупно 24 екипи. Ќе бидат поделени во Прва лига и Втора лига (Исток и Запад).
Учесници во Прва лига во оваа натпреварувачка сезона се екипите на:
ПАРТИЗАН ВОДНО САНС 1, ФЕНИКС 2010, ВАРДАР, МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ АД, РАБОТНИЧКИ АД 1, КУМАНОВО АД, ФМП АКАДЕМИЈА, ЧАИР 2030
Во Втора лига – Исток ќе играат екипите на: ЕУРОНИКЕЛ, ТФТ, КОЖУВ, ВИБАС БАСКЕТ, БОРЕЦ БАСКЕТ, СТРУМИЦА, РАБОТНИЧКИ АД 2, ДИНО БАСКЕТ
Во Втора лига-Запад пријавени се: МЗТ УНИ БАНКА, ПАРТИЗАН ВОДНО САНС 2, ГОСТИВАР, ПЕЛИСТЕР МЕДИКА КАРТА, ЦРН ДРИМ, МЕГА БАСКЕТ, ШКУПИ, ТЕТОВА БУЛС
СИСТЕМ ЗА НАТПРЕВАРУВАЊЕ
Првата лига ќе биде составена од осум екипи, земајќи го во предвид пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-18).
Натпреварите ќе се одиграат по еднокружен бод систем (оролоџо), секој со секого, односно седум кола.
По одигрување на натпреварите од првата фаза седум кола и добивањето на конечниот пласман од 1-8, натпреварувањето продолжува во втората фаза
Првопласираните четири екипи од Првата лига во разигрувањето од прв круг се слободни, додека второпласираните четири екипи, односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со првопласираните две екипи од групите Исток и Запад од Втора лига, по следниот систем:
1 нат: П5 – И2
2 нат: П6 – З2
3 нат: П7 – И1
4 нат: П8 – З1
(П) Прва лига
(И,З) Исток, Запад Втора лига
Се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе
разигруваат по следниот принцип.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат,
Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат,
В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат,
Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,
И овде се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на финалниот турнир за категорија М-18 (Мажи) и ќе разигруваат за Државен првак за нат.сезона 2020/2021.
ФИНАЛЕН ТУРНИР
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,
ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,
Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето (03) место, а победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за 2020/2021 година.
Местото за одигрување на натпреварите од финалниот турнир, ќе биде дополнително одредено од страна на Комесарот за млади, по добивање на понуди на екипите учесници или организацијата на турнирот ќе ја превземе КФСМ.
Доколку организацијата на финалниот турнир, биде доделена на некој од клубовите учесници на завршниот турнир, организаторот е должен на Здружение за Млади – МКК, да уплати износ од 20.000,00 денари и воедно ја превзема целокупната организација за одигрување на турнирот (сите трошоци).
Доколку клубот победник на лицитацијата за организатор на финалниот турнир СЕ ОТКАЖЕ од организација на истиот, ЌЕ СЕ КАЗНИ со парична казна во висина на 50 % од постигнатата цена со која победил на лицитацијата за организатор на Ф-4.
Доколку Клубот НЕ ЈА УПЛАТИ изречената казна, НЕМА да може да настапи на финалниот турнир.
Доколку организацијата ја превземе КФСМ, сите настанати трошоци во врска со организацијата за одигрување на финалниот турнир (сала, надомест за службените лица на натпреварите, патни трошоци за службените лица и екипите, останати трошоци по составување на финансискиот план, ќе се делат на четири (4) дела, за секоја екипа учесник – ПОДЕДНАКВО.
ВТОРА ЛИГА
Лигата ќе биде поделена во две групи (Исток и Запад) и истите ќе бидат составени од по осум екипи, земајќи го во предвид територијалниот принцип, пласманот на екипите од претходната натпреварувачка сезона во категоријата (М-18) и новопријавените екипи за следнава натпреварувачка сезона.
Натпреварите ќе се одиграат по еднокружен бод систем (оролоџо), секој со секого, односно, Исток седум (7) кола, Запад седум (7) кола.
По одигрување на натпреварите од првата фаза и добивањето на конечниот пласман вкупно 4 четири екипи, првопласирани две (2) од група Исток и две (2) од група Запад натпреварувањето продолжува на следниот принцип:
Првопласираните две екипи од групите Исток и Запад) ќе се пласираат за понатамошно разигрување.
Второпласираните четири екипи од Прва лига односно екипите кои се пласирани на 5,6,7 и 8 место ќе разигруваат со Првопласираните две екипи од групите Исток и Запад по следниот систем:
РАЗИГРУВАЊЕ (прв круг):
1 нат: П5 – И2
2 нат: П6 – З2
3 нат: П7 – И1
4 нат: П8 – З1
(П) Прва лига
(И,З) Исток, Запад Втора лига
Се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од разигрувањето се пласираат во четвртфинале и ќе разигруваат по следниот принцип.
ЧЕТВРТФИНАЛЕ:
А нат: Првопласиран П1 – Победник од 4 нат,
Б нат: Второпласиран П2 – Победник од 3 нат,
В нат: Третопласиран П3 – Победник од 2 нат,
Г нат: Четвртопласиран П4 – Победник од 1 нат,
Се игра во два добиени натпревари по систем домаќин–гостин-домаќин, при што првоименуваната екипа е домаќин на првиот натпревар.
Победниците од четвртфиналните натпревари се пласираат на Финалниот турнир за категорија М-18 (Мажи) и ќе разигруваат за Државен првак за нат. сезона 2020/2021 на финален турнир.
ПОЛУФИНАЛЕ:
ПФ - 1: Победник од нат.-А со Победник од нат.-Г,
ПФ - 2: Победник од нат.-Б со Победник од нат.-В,
Поразените екипи ќе одиграат натпревар за трето (03) место, a победниците од натпреварите ќе го одиграат финалниот натпревар за Државен првак за 2020/2021 година.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ - ПРВА ЛИГА-М18-МАЖИ
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ - ВТОРА ЛИГА-М-18-ИСТОК
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ - ВТОРА ЛИГА-М-18-ЗАПАД