Наредниот викенд, на 5 и на 6. јуни, ќе продолжат натпреварувањата во уште три лиги од младинскиот натпреварувачки сегмент.
Ќе стартуваат натпреварите во М18 и во М16 лига во женска, односно М14 во машка конкуренција. Исто така по еден малку променет, елиминациски систем за натпреварување, како и во М18 и М16 лигите во машка конкуренција, ќе се игра и во оној женски сегмент од младинските лиги.
Во категоријата М18-жени, пријава испратија вкупно девет (9) екипи:
Шкупи, Крива Паланка, Трокал, Вардар, Струга 2009, Пробаскет, Гостивар, МЗТ Скопје Аеродром и Бадел 1862
Во категоријата М16-жени, пријава испратија вкупно девет (9) екипи:
Крива Паланка, Вардар, Трокал, Тим Арена, Бадел 1862, Струга 2009, Тетова Булс, Шкупи, Пробаскет-Кавадарци и МВП Струмица
Во категоријата М14-мажи, пријава испратија вкупно десет (10) екипи:
Партизан Водно Санс, Навико Академија ФМП, Пелистер, Црн Дрим, Баскет КАМ, Куманово 2009, МЗТ Скопје Аеродром, Вардар, Шкупи, Феникс 2010
Паралелно со одвивање на овие три лиги, викендов ќе продолжат и натпреваруавњата во М18 односно М16 лигите во машка конкуренција.
И тоа со одигрувањето на третата елиминациска фаза по која ќе бидат познати и првите три екипи учесници на финалниот турнир во овие лиги.