30.05.2024

Домаќинот на турнирот, Патриот 2016, заедно со Пробаскет, Бадел 1862 и Вардар, ќе се борат за победничкиот пехар во женската јуниорска лига

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Во Делчево ќе ги имаме шампионките во М18 лигата

Овој викенд на ред e финалниот турнир, односно завршницата во М18 лигата во женска конкуренција.

Екипата на Патриот 2016 од Делчево, ја доби организацијата на турнирот, кој на 1.јуни (сабота) и 2.јуни (недела) ќе се игра во спортската сала „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево.

Првото полуфинале во кое ќе играат екипите на Вардар и на Пробаскет од Кавадарци е закажано сабота, од  16. часот. А нешто подоцна, од 19. часот, за место во финалето ќе разигруваат екипите на Бадел 1862 и домаќинот на турнирот, екипата на Патриот 2016.

Победникот на финалниот турнир во Делчево ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 2. јуни (недела) од 19. часот. А нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.

М18 ЛИГА-ЖЕНИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР - ДЕЛЧЕВО

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

1.ЈУНИ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

16.00: Вардар – Пробаскет (1)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/DmgHMBaFRFQ?si=FUCoNzq3LNZxdANR

19.00: Патриот 2016 – Бадел 1862 (2)

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/tn6sRNgf_8Y?si=vPTLH2myXs5YwM_v

2.ЈУНИ (НЕДЕЛА)

16.00: За трето место (поразен 1) – (поразен 2)

19.00: Финале (победник 1) – (победник 2)

*Сите натпревари се играат во салата „Методија Митевски-Брицо“ во Делчево