Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од младинската М16 лига во машка конкуренција.
Во договор со четирите екипи-финалисти, утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат МЗТ Скопје Аеродром и Водно Санс (17 часот), односно ИБА и Вардар (19.30), ќе се играат на 10. јуни (вторник).
Наредниот ден, 11.јуни (среда), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
10.ЈУНИ (ВТОРНИК)
17.00: МЗТ Скопје Аеродром – Водно Санс
19.30: ИБА – Вардар
11.ЈУНИ (СРЕДА)
17.00: ЗА ТРЕТО МЕСТО
19.30: ФИНАЛЕ
* Натпреварите ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ - Скопје