07.06.2022

На 8.и на 9.јуни ќе се играат завршните турнири од оваа конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Во Скопје и во Крива Паланка ќе се одлучува за шампионите во М14 лигите

Скопје и Крива Паланка ќе бидат во центарот на вниманието во наредните два дена (среда и четврток) кога станува збор за младинскиот сегмент.

Во овие два града ќе се играат завршните турнири во М14 лигата.

Државниот првак во машка конкуренција во оваа возрасна категорија ќе биде промовирна на турнирот во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Во полуфиналните натпревари ќе разигруваат екипите на Вардар, Водно Санс, Феникс 2010 и Куманово.

Во првото полуфинале, на 8. јуни (среда), од 17.часот, турнирот ќе биде отворен со дуелот Вардар-Водно Санс, нешто подоцна од 19.30 часот, на теренот ќе истрчаат екипите на Феникс 2010 и на Куманово.  

Поразените од двете полуфинални средби ќе играат за третото место, ден подоцна 9. јуни (четврток) од 17.часот, додека пак за титулата ќе одлучуваат победниците од полуфиналето, во натпревар кој е закажан од 19.30 часот.

ЗАВРШЕН ТУРНИР -М14 ЛИГА-МАЖИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ - 8.ЈУНИ (СРЕДА):

17.00: Вардар – Водно Санс

19.30: Феникс 2010 – Куманово

ЗА ПЛАСМАН – 9.ЈУНИ (ЧЕТВРТОК):  

17.00: За трето место

19.30: Финале

* Во исто време, но во Крива Паланка, ќе го добиеме и најдобриот женски состав за оваа возрасна категорија.

За место на завршниот турнир кој ќе се игра во салата „Бранители“ во Крива Паланка, се изборија екипите на Бадел 1862, Вардар, Струга 2009 и домаќинот на собирот, екипата на Крива Паланка.

А согласно пласманот во регуларниот дел, формирани се и полуфиналните двојки за финалниот собир.

Во среда, од 17.часот во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Вардар и на Струга 2009, а два и пол часа подоцна (19.30 часот), на теренот ќе се појават екипите на Бадел 1862 и на Крива Паланка.  

Поразените од двете полуфинални средби ќе играат за третото место. Ден подоцна 9. јуни (четврток) од 17.часот, додека пак за титулата ќе одлучуваат победниците од полуфиналните натпревари, во натпревар кој е закажан од 19.30 часот.

ЗАВРШЕН ТУРНИР -М14 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ - 8.ЈУНИ (СРЕДА):

17.00: Вардар – Струга 2009

19.30: Бадел 1862 – Крива Паланка

ЗА ПЛАСМАН – 9.ЈУНИ (ЧЕТВРТОК):  

17.00: За трето место

19.30: Финале