Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од М16 лигата во женска конкуренција.
Согласно со претходно утврдениот систем и календар за натпреварување во М18 лигата, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат МЗТ Скопје – Тим Арена од Штип, односно неготински Спорт тим и Вардар од Скопје, ќе се играат на 31. мај (сабота), во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје.
Наредниот ден, 1. јуни (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале, по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-ЖЕНИ
31.МАЈ (САБОТА)
ПОЛУФИНАЛЕ
16.00: МЗТ Скопје – Тим Арена
18.30: Спорт тим - Вардар
1.ЈУНИ (НЕДЕЛА)
16.00: Натпревар за трето место
18.30: Финале