23.05.2025

Завршниот турнир во М18 лигата во женска конкуренција ќе биде во СРЦ „Кале“, натпреварите ќе се играат на 24. и 25.мај

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Во трка за јуниорската титула, Вардар, Бадел 1862, МЗТ Скопје и Крива Паланка...

Во наредните два дена, Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од М18 лигата во женска конкуренција.

Учество на „фајнал-форот“ ќе земат четирите најдобри екипи од оној играчки дел, а потоа и доигрувањето.

Согласно со претходно утврдениот систем и календар за натпреварување во М18 лигата, во првиот полуфинален натпревар ќе се сретнат екипите на Бадел 1862 и МЗТ Скопје, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат екипите на Вардар и Крива Паланка.

Полуфиналето ќе се игра на 24. мај (сабота), во салата на СРЦ „Кале“  во Скопје.

Наредниот ден, 25. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале, по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

24.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

12.00: Бадел 1862 – MЗТ Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Zc6wNZC4VaQ?si=F9SUTPvv16n2Z5a5

14.30: Вардар - Крива Паланка

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xRngf_b7sE8?si=OGL5BT0XyAamuUO1

25.МАЈ (МЕДЕЛА)

12.00: Натпревар за трето место

14.30: Финале

* Сите натпревари ќе се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје