12.06.2022

Во големото финале на кадетската лига, „црно-белите“ славеа убедлива победа против Академија ФМП (102:69)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Водно Санс е најдобрата екипа во М16 лигата!

Екипата на Водно Санс е државен првак во М16 лигата во машка конкуренција. По убедливата победа во полуфиналето, против Вардар, делуваа слично и во финалниот натпревар во оваа натпреварувачка сезона 2021/2022 каде противник им беше Академија ФМП.

АКАДЕМИЈА ФМП – ВОДНО САНС 69:102

Иако противникот ја доби првата четвртина со (30:25), Академија ФМП се држеше до средината на втората четвртина, кога избраниците на тренерот Златко Мокров беа во заостанување од само два  поени (37:39). Следуваше несфатлив пад во играта на момчињата од Кисела вода.

Тоа „црно-белите“ знаеја да го „наплатат“...

Водно Санс предводен од двоецот Јаничиќ-Кириловски, заедно со Бутемер, кој се „појави“ во нападот, за неполни пет минити направија серија од (16-1), за на полувремето да стигнат до навистина високи (55:38).

Токму Јаничиќ и Бутемер реализираа по 12.поени, Кириловски беше блиску, даде десет.

На спротивната страна, поентерски, во тие 20.минути се одвои Поповиќ, кој реализираше 15.поени.

Дуелот за победничкиот пехар беше рамноправен и во добар дел од третата четвртина, но уште еднаш, налик на случувањата во претходниот период, кошаркарите на Водно Санс ги ловеа сите грешки на противникот, и по 30.минути игра веќе имаа недостижни (76:49).

Цела една петорка во победничката екипа финишираше со десет и повеќе поени. Кириловски даде 17, Јаничиќ 16, Марјановиќ 15, Бутемер 14, а Митев уште 11.

Поповиќ ќе памети дека овој финален дуел го заврши со 25, а Николов беше стрелец на 11. поени. 

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Феникс 2010 беше за малку подобра од Вардар. Славеше победа (62:59), за трето место во М16 лигата за натпреварувачката сезона 2021/2022.

Коста Кириловски е најкорисниот играч на финалниот турнир

Младиот кошаркар на Водно Санс, Коста Кириловски е прогласен за најдобар на овој завршен турнир од М16 лигата.

Крилото на Водно Санс имаше две одлични изведи во СРЦ „Кале“. На првиот меч против вардар, направи дабл-дабл од 23.поени и 15.скока, додека пак во финалето, против Академија ФМП, реализираше 17.поени, на кои додаде и осум скока. за вкупен индекс 50 (на двете средби од турнирот). 

Сосема заслужено, доволно за МВП наградата. 

ЗАВРШЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Академија ФМП – Феникс 2010          70:64

Водно Санс - Вардар           56:40

ЗА ТРЕТО МЕСТО

Феникс 2010 – Вардар    62:59

ФИНАЛЕ

Академија ФМП – Водно Санс 69:102