11.06.2022

„Црно-белите“ имаа постојана предност, и на крајот стигнаа до победа (99:75) и финале во оваа конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Водно Санс го победи Вардар, и ќе се бори за шампионската титула во М16 лигата

Второто полуфинале не донесе голема неизвесност, Водно Санс доминираше во дуелот со Вардар, и стигна до финалето, во кое во недела од 19.30 часот, за победничкиот трофеј ќе се бори со екипата на Академија ФМП.

ВОДНО САНС – ВАРДАР 99:75

Многу ефикасно одиграа кошаркарите на Водно Санс во првите 20 минути од второто полуфинале од финалниот турнир во М16 лигата. За две четвртини реализираа дури 56.поени, а на противникот, екипата на Вардар му дозволија да дојде до 40.

За убедливи (56:40) на големиот одмор...

Кириловски реализираше 14, а Јаничиќ уште 11.поени во тој дел од играта во кој „бело-црните“ покажаа дека се пдоготвени да одат до самиот крај - финалето.

На другата страна, некако премногу „осамен“ во реализација на нападите беше капитенот Даријан Трајковски, кој беше реализатор на 18. поени.

Сличен беше резултатот и по четири минути игра од продолжението, (63:50) за Водно Санс. „вардарци“ се обидуваа, н не наоѓаа офанзивни решенија за таа разлика да ја сведат, макар и на едноцифрена.

На истекот на третата четвртина, Водно Санс водеше со (74:56).

На истекот на третата четвртина, Водно Санс водеше со (72:56). А до крајот на натпреварот,двоен број на поени во победничката екипа остварија уштѕе и Трајанов (11) односно Марјановиќ (10), или четири од петте стартери.

Кај Вардар, Трајковски дојде до 22.поени, а одлично второ полувреме во нападот имаше Најков, кој финишираше со 15. реализации.

Нешто порано, кошаркарите на Академија ФМП станаа први учесници во големото финале од ова натпреварување, откако славеа победа над Феникс 2010 со резултат (70:64).

ЗАВРШЕН ТУРНИР М16 ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Академија ФМП – Феникс 2010          70:64

Водно Санс - Вардар           99:75

ЗА ТРЕТО МЕСТО - 12.ЈУНИ (НЕДЕЛА) -

17.00: Вардар – Феникс 2010

ФИНАЛЕ

19.30: Академија ФМП – Водно Санс