11.05.2024

Во полуфиналето, Водно Санс со пресврт во вториот дел, го совлада Борец баскет (69:56), Феникс 2010 сигурен против МЗТ Скопје (46:34)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Водно Санс и Феникс 2010 ќе се борат за пехарот во М12 лигата

Екипите на Водно Санс и на Феникс 2010 ќе се борат за трофејот наменет за најдобрата екипа во М12 лигата.

Ова откако на првиот ден од завршниот турир кој се игра во Велес, двете екипи славеа во полуфиналните натпревари против своите ривали, Борец баскет, односно МЗТ Скопје Аеродром.

Во првиот полуфинален натпревар на овој турнир, младите кошаркари на Водно Санс извојуваа победа против домаќинот на овој собир, Борец баскет (69:56), со која обезбедија место во финалето.

БОРЕЦ БАСКЕТ - ВОДНО САНС 56:69

(18-12; 16-17; 11-16; 11-24)

Борец баскет: Јанковски, Ф. Кимов 30, Љутков, Пановски 7, Д.Кимов 9, Здравкин, Попов 2, Шопов 8, Ангелов, Стојанов, Ристов, Петков

Водно Санс: Мојсовски 36, Бутемер 12, Шишковски 9, М.Трајкоски 4, А.Трајкоски, Лазаров 6, Ефтимовски, Сребров 2, Бајалџиев, Селими, Колев, Личина;  

Домашната екипа беше подобра во првото полувреме, на одморот имаше водство од (34:29). Но гостите од Скопје беа уште подобри во второто во кое направија комплетен играчки и резултатски пресврт, за убедлива победа од 13.поени разлика.

Капитенот на Водно Санс, Мојсовски го предводеше својот тим реализирајќи 36.поени, а сосоема добро, поентерски гледано, му асистираше Буитемер со 12. реализации.

Во велешкиот состав, слична распределба на поените, но пократка. Ф. Кимов постигна повеќе од половина од поените – 30 за Борец баскет, додека девет поени даде Д. Кимов, а Шопов имаше осум.

*Многу работи во вториот полуфинален натпревар станаа појасни уште во првата четвртина. Во воведниот дел од мечот, екипата на Феникс 2010 направи голема предност (16-2), која со одредени падови во играта во вториот односно третиот дел, успеаја и да ја сочуваат.

Беа подобри младите играчи на Феникс 2010 и во оној последниот (15-7) во кој го потрвдија пласмнаот во финалната средба на турнирот во Велес.  

Кон успехот вреден финале и борба за златото, ги предводеа Василов со 15 и Ничевски кој реализираше 14.поени.

Во екипата на МЗТ Скопје, Михајлов реализираше 15.поени

ФЕНИКС 2010 – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ    46:34

(16-2; 7-11;  8-14; 15-7)

Феникс 2010: Гоцевски, Василов 15, Ничевски 14, Лескаровски 7, Поповски 2,  Јарчевски, Станиславев 8, Јовевски, Баланчевски, Панов, Дашиќ, Митев;

МЗТ Скопје Аеродром: Мишев 2, Вучковиќ 2, Златановски 2,Ќулев, Михајлов 15, Петровски 4, Салихиќ 3, Спировски 6, Стојанов, Алексовски, Радевски, Јовановски;

Победникот на финалниот турнир во Велес ќе биде познат по одигрувањето на финалето Водно Санс-Феникс 2010,  кое на програмата е на 12.мај (недела) од 18. часот.

Нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото местово кој ќе се сретнат екипите на Борец баскет и на МЗТ Скопје Аеродром

М12 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Борец баскет       69:56

Феникс 2010 – МЗТ Скопје Аеродром 46.34

12.МАЈ (НЕДЕЛА)

16.00: За трето место: Борец баскет – МЗТ Скопје Аеродром

18.00: Финале: Водно Санс – Феникс 2010

*Сите натпревари се играат во салата „Гемиџии“ во Велес