18.05.2024

Во вториот полуфинален натпревар од М14 лигата, Водно Санс беше подобар од тетовски Љуботен (69:60)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Водно Санс ќе игра за пехарот

Екипата на Водно Санс е вториот учесник на финалето во М14 лигата во машка конкуренција. Откако во вториот полуфинален натпревар беа подобри од тетовски Љуботен.  

Водно санс – Љуботен   69:60

(18-11: 17-14; 18-22; 16-13)

Водно санс: Стаменковски 41, Муратовски 8, Богоевски 2, Мојсовски 14, Кемера, Е. Ефтимов 2, Спасовски, Сарџовски, Веселинов 2, Сефери, Гацовски,  В.Ефтимов;

Љуботен: Бачоски 30, Димитриевски, Добревски 5, Сарџоски, Билбиловски 8, Кироски 11, Тодоровски 2, Павловски, Томиќ, Мазникар 4, Томовски, Павлоски;  

Кошаркарите од Скопје имаа постојана резултатска предност, освен во третиот период од играта во кои екипата на Љуботен успеа да им се доближи.

Водно санс имаше предност од десет поени (35:25), а тетовци успеаја да се доближат во текот на третата четвртина, кога одиграа најефикасно, и намалија на (47:53), Но не и нешто повеќе од тоа, Водно Санс се одбрани и стигна до победа вредна финале (69:60).

Капитенот Стаменковски реализираше 41.поен, додека Мојсовски имаше уште 14. во победничката екипа, додека кај Љуботен, Бачоски постигна 30. поени, а го следеше Кироски со 11.    

Победникот на финалниот турнир во Куманово ќе биде познат по одигрувањето на финалето Вардар-Водно санс, кое на програмата е на 19.мај (недела) од 13.30. часот.

Нешто порано, од 11.часот, на распоредот е натпреварот за третото место во кој ќе се сретнат екипите на МКК Куманово и Љуботен.

М14 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

МКК Куманово - Вардар 91:93

Водно санс – Љуботен   69:60

19.МАЈ (НЕДЕЛА)

11.00: За трето место МКК Куманово – Љуботен

13.30: Финале Вардар – Водно санс

* Сите натпревари се играат во салата „Перо Наков“ во Куманово