19.05.2024

Во натпревар исполнет со пресврти, беа подобри од екипата на Феникс санс (84:78)

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Водно санс прв во финалето на М18 лигата

Екипата на Водно Санс е првиот финалист на завршниот турнир од М18 лигата кој денеска почна во Гевгелија.

Во првиот полуфинален натпревар, славеа победа над екипата на Феникс 2010.

ВОДНО САНС – ФЕНИКС 2010 84:78

Водно Санс беше екипата која имаше подобар почеток на овој полуфинален натпревар, во кој на крајот на првиот период се стекна и со водство од (22.18).

Најдобрите десет минути кошаркарите на Феникс 2010 ги одиграа во вториот период. Оној во кој и направија сериозен пресврт, особено резултатски. Во тие десет минуити се стекнаа со предност од осум поени (42:34).

Но во второто полувреме, кошаркарите на Водно Санс покажаа дека во овој момент се подобра екипа. Особено тоа се покажа во последната четвртина во која, пред се, со помош на одбраната, стигнаа до пласманот во големото финале каде го чекаат победникот од второто полуфинале во кое играта екипите на Вардар и домаќинот на овој турнир – Кожув.

Комплетната прва петорка на Водно санс заврши со двоцифрен број на реализации. Ќириловски реализираше 18.поени, Д.Бутемер постигна 16, по 13 имаа Димитриев и Трајанов, додека Митев додаде уште десет.

Во екипата на Феникс 2010, поентерски се издвои двоецот Стојковиќ (25.поени) и Петровиќ (21) додека Зетов дополни со 15.

Победникот на финалниот турнир во Гевгелија ќе биде познат по одигрувањето на финалето кое на програмата е на 21. мај (вторник) од 19. часот. А нешто порано, од 16.часот, на распоредот е натпреварот за третото место.

М18 ЛИГА-МАЖИ – ФИНАЛЕН ТУРНИР

РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ

ПОЛУФИНАЛЕ

Водно Санс – Феникс 2010 84:78

Вардар – Кожув (во тек)

21.МАЈ (ВТОРНИК)

16.00: За трето место Вардар/Кожув - Феникс 2010

19.00: Финале Водно Санс – Вардар/Кожув

*Сите натпревари се играат во салата „26.април“ во Гевгелија