05.05.2023

Следува битката за „финалните четири“ во кадетската конкуренција

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: За кого ќе има место на „фајнал-фор“ турнирот во М16 лигата?

Завршен е првиот дел од сезоната во М16 сегментот во машката младинска лиги. И согласно со системот за натпреварување во оваа возрасна категорија, познати се и осумте екипи кои го продолжуваат натпреварувањето во следната- фаза, доигрувањето за шампионсиата титула.

Првопласираните две екипи од трите групи, како и двете најдобри кои завршија на третото место, се изборија за место во четвртфиналето.

КЛУБОВИ ЧЕТВРТФИНАЛИСТИ: Пелистер, Баскет Кам, Водно Санс, МЗТ Скопје Аеродром, Феникс 2010, Академија ФМП, Вардар, МКК Куманово;

Согласно со пласманот во групниот дел од М16 натпреварувањето-мажи, формирани се и четвртфиналните двојки:

(1) ПЕЛИСТЕР -  (8) ФЕНИКС 2010

(2) БАСКЕТ КАМ – (7) ВАРДАР

(3) ВОДНО САНС – (6) АКАДЕМИЈА ФМП

(4) МКК КУМАНОВО – (5) МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ

Четвртфиналето ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“. Серијата во која предност на домашен терен имаат подобропласираните екипи во регуларниот дел, ќе стартува на 6. мај.

Вторите мечеви се закажани за 13.мај, а евентуалната трета средба, односно т.н. „мајсторка“, ќе се игра на 20.мај.

Победниците на овие четири серии ќе обезбедат пласман на завршниот турнир во М18 лигата кој е закажан за 3 и 4.јуни.

РЕЗУЛТАТИ-ТАБЕЛИ-РАСПОРЕД ВО М16 ЛИГАТА-МАЖИ