Екипите на Струга 2009 и на Вардар ќе играат во финалето на М14 лигата во женска конкуренција кое е на програмата денеска од 17.часот во СРЦ „Кале“ во Скопје.
Овие две екипи беа поуспешни од своите ривали во полуфиналните пресметки и сосема заслужено се изборија за шансата да бидат и државни прваци во ова натпреварување дел од младинските лиги.
Стружанки беа подобар ривал од Бадел 1862, стигнаа до убедлива победа од (50:29), додека пак Вардар славеше со уште поубедливи (104:35) против екипата на Крива Паланка, со што ја најави и кандидатурата за златниот медал.
Денеска, од 15.часот, уште еднаш на финалните турнири во оваа сезона, но сега во натпреварот за третото место во М14 лигата ќе разигруваат екипите на Бадел 1862 и Крива Паланка.
Два часа подоцна, (17.00) се игра големото финале, Струга 2009-Вардар.
М14 ЛИГА-ЖЕНИ
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПРВО ЕЛИМИНАЦИСКО КОЛО
(1) Крива Паланка – Шкупи 46:30
(2) Баскет КАМ – Вардар 13:84
Струга 2009 – МЗТ Скопје Аеродром 20:0сл.
ПОЛУФИНАЛЕ
Бадел 1862 – Струга 2009 29:50
Крива Паланка – Вардар 35:104
ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ - 23.ЈУНИ (СРЕДА)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
15.00: Бадел 1862 – Крива Паланка
ФИНАЛЕ
17.00: Струга 2009 – Вардар
*Натпреварите се играат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје