26.03.2024

Вкупно 16. екипи ќе разигруваат во осминафиналето, и ќе бараат пласман на завршниот турнир во најмалата возрасна категорија...

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Завршен е регуларниот дел од М12 лигата во машка конкуренција, следува плеј-офот

По одигрувањето на последното, осмо коло, во сите четири натпреварувачки групи, познати се и натпреварувачките броеви на екипите за онаа наредна, елиминациска фаза во М12 лигата во мака конкуренција.

Каков е системот за натпреварување во завршниот дел од М12 лигата?

Во осминафиналето во кое се пласираа вкупно 16. екипи, ќе се играат два (2) натпревари во кои подобрата екипа во кош-количникот од двата натпревари ќе го одлучи патникот во четвртфиналната фаза.

Согласно со пласманот во регуларниот дел од сезоната, првиот натпревар се игра на теренот на послабопласираната екипа од првиот дел, односно на 30.март, додека реваншот следува за една седмица – на 6.април.

Победниците на осумте осминафинални серии ќе се пласираат во наредната фаза – четвртфиналето.

Предвидени термини за одигрување на четвртфиналните серии се:

13.април и 20. април, додека евентуалниот трет натпревар ќе се игра на 27.април, на теренот на подобропласираната екипа во регуларниот дел од сезоната.

Победниците на четирите серии во четвртфиналето, ќе играат на завршниот турнир кој ќе се игра на 11. и на 12. мај.

М12 ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА 1

ТАБЕЛА: Феникс 2010 16, Вардар 13, ИБА баскет 12, Тетова булс 10, Гостивар 9;

ГРУПА 2

ТАБЕЛА: МВП Скопје 15, Спортисимо 14, МВП Струмица 13, Тим баскет 9, Работнички 9;

ГРУПА 3

ТАБЕЛА: Борец баскет 15, Љуботен 14, МКК Вардар 13, Тетекс ТТК 10, Феникс баскет 8;

ГРУПА 4

ТАБЕЛА: Водно санс 16, МЗТ Скопје 14, МКК Куманово 13, Петровски баскет 10, Чаир 2030 8;

 

ДВОЈКИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

ПРВИ НАТПРЕВАРИ - 30. МАРТ

Петровски баскет – Феникс 2010

МКК Куманово – Вардар

Тетова Булс – Водно санс

ИБА баскет – МЗТ Скопје

Тетекс ТТК – МВП Скопје

МКК Вардар – Спортисимо

Тим баскет – Борец баскет

МВП Струмица - Љуботен

ВТОРИ НАТПРЕВАРИ - 6.АПРИЛ

Феникс 2010 – Петровски баскет

Вардар – МКК Куманово

Водно санс – Тетова булс

МЗТ Скопје – ИБА баскет

МВП Скопје – Тетекс ТТК

Спортисимо - МКК Вардар

Борец баскет – Тим баскет

Љуботен – МВП Струмица