22.05.2025

Натпреварите ќе се играат на 24. и 25.мај, во трка за јуниорската титула, Вардар, Бадел 1862, МЗТ Скопје и Крива Паланка...

МЛАДИНСКИ ЛИГИ: Завршниот турнир во М18 лигата во женска конкуренција ќе биде во СРЦ „Кале“

Македонската кошаркарска федерација ќе биде организатор на завршниот турнир од М18 лигата во женска конкуренција.

Согласно со претходно утврдениот систем и календар за натпреварување во М18 лигата, полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат Бадел 1862 – МЗТ Скопје, односно Вардар – Крива Паланка, ќе се играат на 24. мај (сабота), во салата на СРЦ „Кале“  во Скопје.

Наредниот ден, 25. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале, по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од младинските лиги.

ФИНАЛЕН ТУРНИР М18 ЛИГА-ЖЕНИ

24.МАЈ (САБОТА)

ПОЛУФИНАЛЕ

12.00: Бадел 1862 – MЗТ Скопје

14.30: Вардар - Крива Паланка

25.МАЈ (МЕДЕЛА)

12.00: Натпревар за трето место

14.30: Финале

*Сите натпревари ќе се играат во големата сала на СРЦ „Кале“  во Скопје