МЛАДИНСКИ ЛИГИ-ЖЕНИ: Бадел 1862 води во јуниорска, а Вардар во кадетска конкуренција - КФСМ
11.03.2020

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-ЖЕНИ: Бадел 1862 води во јуниорска, а Вардар во кадетска конкуренција

Одложувањето на наредните мечеви во младинските категории е една добра можност да се направи и „пресек“ на натпреварувањето во младинските лиги во женска конкуренција.  

Редоследно гледано, во М-18 лигата, осмото коло е последното одиграно пред оваа неочекувана пауза во првенствата.

Коло во кое Баскет КАМ беше многу подобар противник од Гостивар 2009 (68:35), додека пак Вардар беше убедлив во дуелот со Шкупи, победи со сигурни (76:59).

Со еден одигран натпревар повеќе, и 13. освоени бодови, засега води екипата на Баскет КАМ, пред Бадел 1862 кој во овој круг од натпреварите беше слободен. Трет е Вардар, а на позицијата 4, е скопски Шкупи.

*По 13.одиграни кола во М-16 лигата, лидер е составот на Вардар, пред екипите на Крива Паланка и Бадел 1862.

Во последното одиграно коло, две гостински победи. Бадел 1862 руттинерски славеше на дуелот во Струга (59:35), а вредна победа, против Шкупи во Скопје, остварија и младите кошаркарки на Патриот 2016. Делчевки славеа со убедливи (51:28), и се искачија на третото место на табелата.

*Најголем број на натпревари во изминатиот период се одиграа во трите групи од М-14 лигата. А во преден план излегоа три екипи. Сите со максимален ефект, три победи во три одиграни кола.

Во групата-1 тоа е  пионерската екипа на Бадел 1862, која со победата над Струга 2005 (70:21),го задржа максималниот ефект.

Во таа улога, но во групата-2, е екипата на Трокал. Кавадарчанки по ред ги совладаа екипите на Вардар (44:28), Пробаскет Академија (65:20) и Шкупи со неверојатни (36:2).

Кога е во прашање групата-3, три победи запишаа кошаркарките на Патриот 2016. Прво против екипата на Крива Паланка (59:43), потоа во дуелот со Пробаскет во Пробиштип (56:40). На крај победија и на домашен терен. Беа многу подобри од  МЗТ Скопје Аеродром, (61:18). 

М-18-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО

Баскет КАМ – Гостивар 2009    68:35

Шкупи – Вардар    59:76

Пелистер – Струга 2009 12.03.

Бадел 1862 – слободен

ТАБЕЛА: Баскет КАМ 13, Бадел 1862 12 (-1) Вардар 12, Шкупи 9, Струга 2009 9 (-1), Гостивар 2009 8, Пелистер 6 (-1);

М-16-ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ 13.КОЛО

Шкупи – Патриот 2016   28:51

Струга 2009 – Бадел 1862         35:59

Пробаскет Академија – МВП Струмица       одл.

Трокал, Крива Паланка, Вардар - слободни

ТАБЕЛА: Вардар 18, Крива Паланка 17, Бадел 1862 16, Патриот 2016 15, Трокал 14, Струга 2009 14, Пробаскет Академија 14, Шкупи 12, МВП Струмица 7;

М-14- ЖЕНИ-ГРУПА 1

РЕЗУЛТАТИ

1.КОЛО

Бадел 1862 – Јуниор Битола     57:10

Гостивар 2009 – Струга 2009    17:37

2. КОЛО

Јуниор Битола – Струга 2009   16:24

Бадел 1862 – Гостивар 2009    82:21

3.КОЛО

Гостивар 2009 – Јуниор Битола           20:0 сл.

Струга 2009 – Бадел 1862         21:70

ТАБЕЛА: Бадел 1862 6, Струга 2009 5, Гостивар 2009 4, Јуниор Битола 3;

М-14-ЖЕНИ-ГРУПА 2

РЕЗУЛТАТИ

1.КОЛО

Шкупи - Пробаскет Академија 0:20сл.

Вардар – Трокал   28:44

2. КОЛО

Пробаскет Академија – Трокал           20:65

Шкупи – Вардар    1:34

3.КОЛО

Вардар – Пробаскет Академија          37:20

Трокал – Шкупи    36:2

ТАБЕЛА: Трокал 6, Вардар 5, Пробаскет Академија 4, Шкупи 3;

М-14-ЖЕНИ-ГРУПА 3

РЕЗУЛТАТИ

1.КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Пробаскет Пробиштип  0:20сл.

Крива Паланка – Патриот 2016           43:59

2.КОЛО

Пробаскет Пробиштип – Патриот 2016        40:56

МЗТ Скопје Аеродром – Крива Паланка      22:57

3.КОЛО

Крива Паланка – Пробаскет Пробиштип     54:31

Патриот 2016 – МЗТ Скопје Аеродром        61:18

ТАБЕЛА: Патриот 2016 6, Крива Паланка 5, Пробаскет Пробиштип 4, МЗТ Скопје Аеродром 4;