10.01.2024

Во првиот дел, девојките во „црвено-црна“ комбинација имаат максимален ефект во три натпреварувачки конкуренции-лиги...

МЛАДИНСКИ ЛИГИ-ЖЕНИ: Доминација на Вардар

Системот за натпреварување во женскиот сегмент вели дека пријавените екипи во сите четири натпреварувачки лиги, се поделени во две групи, „Исток“ и „Запад“.

Во онаа највозрасната, во М18 лигата, лидер на Истокот е екипата на Патриот 2016. Екипата од Делчево засега турка без грешка. Ги победи сите четири натпревари, и е на чекор понапред во однос на Тим Арена, два пред Баскет Кам.

Во групата „Запад“, екипа со максимален можен ефект е Вардар. Девојките во „црвено-црна“ комбинација имаа пет победи во пет одиграни мечеви со кои се во водство пред вторито дле од првенството во однос на Бадел 1862, Пробаскет, кои заостануваат една односно две победи...

М18-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА - ИСТОК

ТАБЕЛА: Патриот 2016 8, Тим Арена 7, Баскет Кам 6, Куманово 2020 5, МЗТ Скопје Аеродром 3;

М18-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА - ЗАПАД

ТАБЕЛА: Вардар 10, Бадел 1862 9, Пробаскет 8, Охрид 7, Гостивар 6, Струга 2009 5;

Вардар има екипа која засега е најдобра и во М16 лигата. Кадетките на клубот „Под Кале“ се на првата позиција во групата „Исток“ со максимални пет победи во исто толку одиграни натпревари. Имаат победа плус во однос на Крива Паланка и две во однос на Патриот 2016.

Во западната конференција, засега води екипата на Бадел 1862, исто така со максимален број на победи – четири.

М16-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА – ИСТОК

ТАБЕЛА: Вардар 10, Крива Паланка 9, Патриот 2016 8, Тим Арена 7, МЗТ Скопје 6, Баскет Кам 4;  

М16-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА – ЗАПАД

ТАБЕЛА: Бадел 1862 8, Пробаскет 7, Струга 2009 6, Охрид 5, Пелистер 4;

Во оваа натпреварувачка сезона 2023/2024, најголем број на натпреварувачки екипи има во М14 лигата. На Истокот, како прв фаворит се издвои екипата на Патриот 2016 која дојде до шест победи во исто толку одиграни мечеви во оваа конкуренција. Една победа помалку имаат младите кошаркарки од Крива Паланка, додека пак Бадел 1862 е на ефект (4-2).

Во групата „Запад“, табелата вели дека неприкосновен е составот на Вардар, со ефект од седум победи во исто толку одиграни средби, то е победа плус во однос на кавадаречки Јасмин 95 (6-1) и Струга 2009 (ефект 5-2).

М14-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА – ИСТОК

ТАБЕЛА: Патриот 2016 12, Крива Паланка 11, Бадел 1862 10, Баскет Кам 9, Работнички 8, Баскет Дино Деликатес 7, МВП Скопје 6;

М14-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА – ЗАПАД

ТАБЕЛА: Вардар 14, Јасмин 95 13, Струга 2009 12, Спорт тим 11, Петровски Баскет 10, МЗТ Скопје Аеродром 9, Феникс 2010 8, Декса 7;

Во онаа најмлада категорија, во М12 лигата, лидерска екипа во источниот дел е Бадел 1862 (скор 4-0), додека пак во западниот, истиот ефект го има екипата на МВП Скопје.

М12-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА – ИСТОК

ТАБЕЛА: Бадел 1862 8, МЗТ Скопје Аеродром 7, Работнички 6, Спорт тим 5, Патриот 2016 4;  

М12-ЖЕНИ - ПРВА ЛИГА – ЗАПАД

ТАБЕЛА: МВП Скопје 8, Декса Прилеп 7, Петровски Баскет 6, Вардар 5, Тетова Булс 4;