Македонскиот машки национален тим „Под 20“ години забележа уште еден пораз на гостувањето во Романија. Во рок од 24. часа нашите млади кошаркари загубија од домашната селекција, денеска со слични (65:80).
Но како што пренесува селекторот Горан Самарџиев, со многу подобра игра на нашата селекција „Под 20“ години.
„За разлика од вчерашниот натпревар, на овој делувавме доста подобро. Бевме во водство повеќе од 27.минути од играта, на крајот загубивме, би рекол и со преголема разлика“ – вели Самарџиев по вториот негативен резултат на „контролите“ во Тарговиште.
Впрочем, нашите млади кошаркари беа подобри во првиот период, кој го добија со резултат (18:15), на полувремето Романија имаше плус од само еден поен (33:32). Клучната разлика домашната репрезентација ја направи во третиот период кој го доби со (29:19).
„Играме доста добро, но само во моментите кога на теренот е нашата прва петорка. Ја губевме предноста кога тргнува ротацијата, односно во периодите од играта кога сакам да ги испробам и другите кошаркари. Тоа ни е најголемиот проблем во овој воведен дел од подготвителниот период Се надевам на подобри игри во перидот кој е пред нас“- дополнува селекторот на нашата младинска селекција.
На овој втор меч во Тарговиште, уште една одлична офанзивна игра на Стојковиќ, кој со 24.реализации одново беше најдобриот поединец во нашата младинска репрезентација.
Поени уште постигнаа: Стојанов 8, Зетов и Младеновски по 6, Луканоски и Кечовски имаа по 5, Јакимовски даде 4, Николовски три, а Ќириловски и Величковски уште по два поени.
Утре, нашата младинска репрезентација патува за Питешти, каде ќе одигра уште еден пријателски натпревар, против селекцијата „Под 18“ години на Романија,