17.02.2017

Продолжуваат спортските преноси на МОК СПОРТСКИОТ YouTube канал

МОК со пренос на натпреварот помеѓу Куманово и Пеќ во БИБЛ лигата

Куманово беше елиминиран од Работнички во рамки на ЛИМАК Купот на РМ, а четири дена (22. февруари) по завршување на активностите во домашните првенства, македонскиот вицешампион ќе се пресмета против Пеќ во рамки на Балканската БИБЛ лига.

Натпреварот помеѓу двете екипи кои ќе се борат за пласман во најдобрите четири во ова натпреварување ќе биде пренесува на спортскиот YouTube канал на Македонскиот Олимписки Комитет.

„Очекуваме полна сала, квалитетна  кошарка и веруваме дека сите оние кои ќе го следат овој натпревар на YouTube каналот на МОК ќе уживаат во овој пренос. Во меѓувреме, на сите учесници на финалните натпревари од Купот на Македонија кој овој викенд се одржува во Кавадарци им посакуваме голем успех, а најдобрата кошаркарска екипа нека го освои трофејот“ – велат од МОК.

Натпреварот помеѓу македонскиот вицешампион и Пеќ на 22. февруари ќе се одигра во спортската сала во Куманово со почеток во 19:00 часот.