Репрезентацијата на Црна Гора одигра доминатнтно во финалето на Европското првенство Дивизија „Б“ за кошаркарки „Под 20“ години кое вечерва се одржа во Скопје и го освои првото место кое воедно ѝ донесе и место во „А“ дивизијата во следната сезона.
Црногорките, кои одиграа турнир без ниту еден пораз и делуваа најкомплетни на теренот, во мечот за титула ја демолираа Турција (98:56).
Во финалнот натпревар на првенството, најдобра кај Црна Гора кај стрелците беше Јована Савковиќ со 17 поени, пред Марија Лековиќ со 15 поени, додека Зорана Радоњиќ постигна 14 поени.
Кај Турција се истакна Рана Учар со 13 поени, пред Бану Симшек и Афиречан Вардар со по 12 поени.
Црногорката Марија Лековиќ е најкорисниот играл на шампионатот
За најкорисна кошаркарка на Европското првенството кое успешно го организираше нашата федерација е прогласена Марија Лековиќ од победничката селекција на Црна Гора.
По крајот на турнирот, прогласен беше и „ол-стар“ тимот на најдобри кошаркарки.
А меѓу најдобрите има балканска доминација, две кошаркарки се од Црна Гора, а по една од Израел, Турција и Словенија.
Во најдобриот тим на првенството се Јована Савковиќ (Црна Гора), Јарден Гарзон (Израел), Суде Јилмаз (Турција), Марија Лековиќ (Црна Гора) и Манца Вречер (Словенија).