06.10.2021

Македонскиот репрезентативец учествуваше со 13.поени, 13.асистенции и 10.скока во победата над Рапид од Букурешт (85:61)

Момент за паметење, Магдевски направи трипл-дабл во дресот на Плоешти

По краткиот период на адаптација во романската кошарка, нашиот плејмејкер денеска влезе во одбраното друштво Македонци кои успеале да остварат трипл-дабл, а веројатно е прв кому тоа му успеало во странство. Плоешти вечерва го победи Рапид Букурешт со 85-61, а Магдевски одигра извонреден натпревар.

За 30 минути на теренот, тој постигна 13 поени, 13 асистенции и 10 скока, за индекс 30, убедливо највисок на натпреварот. Негова е и заслугата што целиот тим на Плоешти одигра извонредно за што доказ е вкупниот индекс 113.