08.04.2021

Двата наши ривали во квалификациите ќе имаат уште поголема соработка на Европското првенство

Мошне интересно, Италија ја одбра Естонија за „партнер“ на Евробаскетот

Откако Германија и Чешка како дел од ко-организаторите на наредниот Евробаскет ги одбраа своите партнер-федерации, истото го направија и останатите две федерации кој се дел од носителите на активностите на наредниот евро-шампионот.

Интересен предлог даде италијанската федерација која за свој партнер ја одбра Естонија. Интересно од причина што двете национални селекции беа во иста квалификациска група за ЕП 2022 година во која беше и нашата.

По овој договор, станува јасно дека Естонија ќе игра во групата во Милано, каде домаќин е Италија.

Од друга страна, федерацијата на Грузија одлучи да испрати „покана“ до онаа на Турција, и да ја нагости на натпреварите кои ќе се играат во Тбилиси.

Претходно, Чешка се одлучи тоа да биде Полска, а Германија за свој партнер да ја одбере Литванија.

Ждрепката за ФИБА Евробаскетот 2022 ќе се одржи на 29.април во „Верти Мјузик Хал“ во Берлин