17.07.2021

Селекторот Денис Дервишевиќ очекува уште повеќе од селекцијата „Под 15“ години

„Можеме, и мораме многу подобро“

Две проверки, први за составот на кошаркари „Под 15“ години се зад нив. Доста успешни настапи имаше оваа наша селекција на мини гостувањеѕо во Краљево во изминатите два дена.

Одигравме егал против селекцијата на Србија, една од најдобрите во европски рамки, што и тоа како треба да го радува стручниот штаб предводен од селекторот Денис Дервишевиќ. Минимален пораз, но и исто таква победа на двата дуели.

Иако, како што вели Дервишевиќ, нема да биде незаслужено ако ги добивме и двата натпревари во Краљево.

„Во крајна мерка, тоа се заборава. Не сакам да мислиме на судењето, бидејќи тоа и не ни беше во прв план. Факт е дека требаше да победиме и на првиот меч. Но, одиме понатаму. Нас нè интересира нашата игра, однесување, реакции на нашите играчи. За другото нека мислат некои други. Како го загубивме првиот натпревар, така го добивме вториот“ – вели Дервишевиќ.

Сепак, после краткиот временски период за подготовки, две средби со силен противник, и одлични 80.минути.

„Во Краљево дојдовме со намера да видиме до каде сме, да ги откриеме нашите недостатоци, но и да видиме кој колку може во овој момент. Да направиме некој појдовен план, стратегија како да работиме понатаму. И пред сè, играчите да научат како се бранат боите на  репрезентацијата, и дисциплината што треба да ја имаат кога ја презентираат државата надвор од нашите простори. Ова беше само една одлична можност за сите нив, а и за нас. А мислам дека можеме, и би додал,  мораме да бидеме уште подобри. Има простор за надградба на тимот. Верувам дека во иднина момците ќе бидат уште подобри. Овие два меча треба да им се патоказ како треба да се продолжи“- дополнува Дервишевиќ.