21.11.2019

МРТ со пренос од дербито Работнички – МЗТ Скопје Аеродром

Националната телевизиска куќа МРТ, ќе врши пренос од натпреварот помеѓу екипите на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром на собранискиот канал.

Првото дерби од Првата лига во машка сениорска конкуренција за тековната натпреварувачка сезона 2019/2020 ќе се одигра претстојниот викенд, поточно в недела (24.11.2019) со почеток во 18:00 часот. На овој дуел домаќин ќе биде Работнички, а натпреварот ќе се одигра во „Градски Парк“.

Покрај овој дуел, на агендата од седмото коло ќе се одиграат уште четири натпревара.

Гостивар – Еуро Никел 2005 24.11.2019; 17:30
Куманово 2009 – МЗТ Скопје УНИ БАНКА 23.11.2019; 18:00
Пелистер – Кожув 23.11.2019; 18:00
Академија ФМП – Вардар 23.11.2019; 18:00