01.08.2017

МРТ со пренос од гостинските натпревари од претквалификациите

Македонската кошаркарска федерација заедно со спортската редакција при националниот телевизиски сервис (МРТ) успеа да изврши доволен притисок за да обезбеди сигнал за пренос на натпреварите кои нашата сениорска репрезентација ќе ги одигра на гостински терен во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019 година.

Нашите сениори ќе одиграат четири натпревари, два на гостински терен, два на домашен, а сите ќе можат да се проследат на првиот програмски сервис при националната телевизија (МРТ).

Првиот натпревар го играме веќе утре (2. август) на гостински терен против Косово. Натпреварот ќе започне во 20 часот и 15 минути и истиот сите кои нема да можат да го следат од трибините ќе имаат можност да го гледаат на МРТ.

Вториот натпревар за нас воедно ќе биде и прв на домашен терен в сабота (5. август) против Естонија. Истиот ќе започне во 20 часот и 30 минути, а ќе се одигра во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“.

По седум дена ’одмор’ ќе го пречекаме Косово  на 12. август. Натпреварот ќе започне во 20 часот и 30 минути и ќе се одигра во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“. Три дена подоцна (среда, 15. август) ќе го одиграме последниот натпревар на гости против Естонија. Натпреварот ќе започне во 20 часот и 30 минути.