14.08.2025

14.08.2025

МТЕЛ ја продолжува поддршката за македонската кошарка – уште една година како генерален спонзор на Супер лига мажи

Со особена чест и гордост, МТЕЛ ја најавува продолжената соработка со Македонската кошаркарска федерација и останува генерален спонзор на Супер лига – мажи и за претстојната натпреварувачка сезона 2025/2026. Оваа одлука не е само формалност, туку потврда на нашата длабока верба дека спортот е темел на заедништвото, здрав дух и инспирација за новите генерации. Водени од највисоките светски стандарди за општествена одговорност и од вредностите вградени во корпоративниот дух на Телеком Србија Групацијата, МТЕЛ останува цврсто посветен да биде двигател и поддржувач на хуманитарни, спортски и општествени иницијативи кои носат вистинска промена.

   За МТЕЛ, вложувањето во спортот не е само спонзорство – тоа е инвестиција во иднината на нашата заедница. Кошарката, како еден од највозбудливите и најпопуларните спортови во земјава, има моќ да инспирира, да обединува и да поттикнува личен и тимски развој. Токму затоа, со радост ја продолжуваме оваа приказна, верувајќи дека секој натпревар и секоја победа се и наши заеднички успеси. изјавуваат од МТЕЛ.

„Благодарност до нашиот долгогодишен поддржувач. Ние како Кошаркарска федерација, сакаме јавно да ја изразиме нашата искрена благодарност до компанијата МТЕЛ за довербата и континуираната поддршка што ни ја даваат – не само оваа година, туку и во минатото. Во време кога поддршката за спортот знае да биде непостојана, особено значи кога имаме партнери кои веруваат во нашата мисија и остануваат со нас низ годините. Вашата доследност и посветеност се пример за општествена одговорност и вистинска љубов кон спортот. Заедно продолжуваме да ја градиме иднината на македонската кошарка. Ви благодариме што сте дел од нашето семејство!" - потенцира Претседателот на Кошаркарската Федерација, Томе Главчев.