Гацов го продолжува започнатото
Кога станува збор за стручниот тим на екипата од Драчево, летото не донесе некои промени. Успешно започнатата работа, односно обезбедувањето на прволигашкиот статус, е мотив повеќе за уште поголем работен ангажман на „стафот“ кој и оваа сезона ќе го предводи Игор Гацов.
Нема лидери, силата е во тимот
Со оглед на играчкиот потенцијал кој го собраат, извесно е дека во оваа екипа на Ангели, вистински лидер нема, и дека тренерот Игор Гацов ќе се обиде да (про) најде некој од играчите кои ги има на располагање
Бековска линија
Би требало да претставува ударен дел во играта на Ангели. Јасно и поради што ако се види играчкиот ростер кој е исполнет со голем број на играчи на оние надворешни или бековски позиции. Од репрезентативецот, младински, како што е Ангел Стојанов, поранешните Теон Богатиновски и Таулант Ибраими, преку новодојдениот Андреј Настовски, до Димитар Спасовски, Иван Балов.
Внатрешна линија
Во овој сегмент, извесно ќе биде и најголемиот проблем за екипата која ја предводи тренерот Гацов. Јасно е дека ќе им недостасуваат „сантиметри“ и тоа како потребни за овој, и за нив, повисок ранг на натпреварување. Практично Ангели ќе играат без класична „петка“ ако се земе в предвид дека тука ги имаат на располагање Никола Кацарски, Павел Иванов, на кои од помош „во рекетот“ може да биде евентуално, Бојан Стојановски.
Нови лица на паркетот
На младиот ростер кој го имаше екипата од Драчево од минатата сезона, во оваа додадени се Андреј Настовски, Димитар Спасовски, Јордан Спасовски, како и Стефан Темелковски, што само го „намалува“ оној просек на години кој го има Ангели во овој момент.
Подготвени за новата сезона
Ќе биде навистина интересно да се види како ќе функционира екипа во МТЕЛ Супер лигата, ако се знае дека многу веројатно, ќе биде единствената која ќе се потпре на домашни сили, а поголем број од нив се со помал број на години, со она што се нарекува прволигашко искуство. Веројатно тоа ќе биде и најголемиот проблем за Ангели при враќањето во оваа конкуренција – неискуството на играње во елитниот ранг на натпреварување.