Тренерска постојаност наречена Ерхан Рамадан
Поинаку не може да се коментира, кога се зборува за првата тренерска позиција во екипата од Чаир. Рамадан е „клучот“ во Чаир 2023, така и ќе остане и во наредниот период, во кој се чини дека ќе има и најмногу работа, откако „сино-белите“ се дел од елитното друштво. Особено ако се знае дека во овој момент ростерот со кој располага не е комплетиран, но и е доста подмладен, што досега барем, не беше таков случај.
Тимот е на прво место
За разлика од некои години во кои во Чаир постојано имаше добри индивидуалци, кои креираа многу поени, во онаа која следува, претпоставките се дека стручниот тим треба да „бара“ таков, играч кој може и кој знае да „повлече“ кога работите не одат во вистинска насока.
А се додека е така, тимот е дефинитивно, на прво место.
Бековска линија
Со оглед на тоа, поточно на актуелниот состав кој го има тимот од Чаир, извесно е дека во тој „преден дел“ нема да има некои посериозни проблеми при креирањето на играта потребна за прволигашко ниво на натпревари.
Рушити, Тачи, Петровски, од домашните играчи, плус некој од странските, ќе бидат, веројатно, од оние кои ќе имаат поголем број на минути на бековските позиции, останатите, оние од „помладата гарда“, ќе треба да ги заслужат со ангажман, со залагање на тренинзите.
Внатрешна линија
Како што сега стојат работите, извесно е дека во рекетот, доста ќе „пополнуваат“ Метин Саити, односно Фатон Реџа, но и некој од странците. А пореално е да има уште некој во деновите кои што следуваат, и со кои чаирчани би ја затвориле таа центарска позиција.
Нови лица на паркетот
Не менуваа (т) мноогу, барем засега во Чаир, во оној домашен дел од ростерот. Нови имиња се Лука Петровски од домашните, односно Остин Ламар Четман, Џејлинг Билингсли од оние странските. Јасно е дека ќе има уште некое во периодот кој што следува.
Подготвени за новата сезона
Прашање на кое не може да се даде точен, дефиниран одговор. Барем не во овој момент, на неколку дена пред првиот официјален натпревар во МТЕЛ Супер лигата. Многу повеќе за силината, квалитетите на тимот кој моментално располага тренерот Ерхан Рамадан ќе биде познато по оние воведни мечеви во сезоната.