03.10.2025

Претставување на клубовите-учесници во најквалитетното натпреварување

МТЕЛ СУПЕР ЛИГА - НАТПРЕВАРУВАЧКА СЕЗОНА 2025/2026 - ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ – КАВАДАРЦИ

Манев како континуитет

Како и поголем дел од суперлигашките екипи, не менуваа во Кавадарци на првата тренерска позиција. Останува Атанас Манев кој треба да му донесе на Тиквеш Голден Игл подобар резултат во однос на оние кои ги имаа во изминатите сезони.

Се чини дека оваа позиција има и најголем континуитет, што во секој случај е добар предзнак за она што следува во шампионатот.

Лидерската позиција – отворена

Поставката на клубот од Кавадарци за оваа нова натпреварувачка сезона. Да им се даде шанса на поголем број на млади кошаркари, а нив да ги поддржат тројца странци.

Тодор Златев, кој е еден од најмладите ја доби капитенската лента, макар што кога се зборува за нешто што се нарекува лидерство, се чини дека освен него, во таа насока може да се каже и за Стеван Глигоријевиќ, кој веќе неколку години по ред е еден од најдобрите во ростерот на Тиквеш.

Бековска линија

Тоа е иднината на клубот, погледот на ростерот кажува дека најголем дел од тие млади кошаркари кои ќе чекаат свои минути ќе бидат токму на надворешните позиции,

Освен капитенот Златев, тука, од оние кои се дел до тимот од претходните сезони е Андреј Чадамов. Нови играчи на Тиквеш Голден Игл во текот на летото станаа Карло Блажевски и Петар Бошалески. Секако, Манев ќе сака многу повеќе од оној странски дел во тимот, како Алан Џексон Џуниор, кој веројатно ќе биде еден од стартерите. Тука е и Крис Дис, со кој и се затвора бековската линија.

Внатрешна линија

Глигоријевиќ е сигурен на позицијата „четири“, која во овој летен преоден рок е засилена со ангажманот на Благој Димитриев, но и на Лук Андерсон. Практично без вистински центар ќе се кавадарчани во овој прв дел од првенството, можееби и понатаму, во кој свои минути на крилните позиции ќе очекуваат Илија Мирков и Христијан Несторовски.

Нови лица на паркетот

Ова лето кавадарчани се решија да променат „половина екипа“, и буквално имаат шесторица нови кошаркари во составот. Половина од нив се странци, Крис Дис и Алан Џексон-Џуниор ги покриваат бековските позиции, додека Лук Андерсон е на позицијата силно крило. Нови имиња се и младинскиот репрезентативец Петар Бошалески, но и Карло Блажевски и Благој Димитриев.

Подготвени за новата сезона

Во оној подготвителен период тренерот Атанас Манев испланира шест контролни натпревари за што подобра воиграност на доста променетиот тим, со исто толкав број – шест.

Оттука и неизвесноста како сето тоа ќе функционира во периодот кој што следува. Но тоа е констатација и за други тимови во Суперлигата, што извесно, ќе донесе уште поголема изедначеност во трката за што подобри позиции и оној втор дел од сезоната – плеј-офот, односно плеј-аутот.