13.10.2025

Во поентерската категорија, полека, но сигурно, се издвојуваат неколку играчи...

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ - ИНДИВИДУАЛНА СТАТИСТИКА ПО 2. КОЛО

Второто коло од новата натпреварувачка сезона во „Мтел“ Супер лигата донесе слични индивидуални постигнувања, што е и видливо по вториот пресек во статистичкиот дел, односно по одигрувањето на второто суперлигашко коло.

Во поентерската категорија,полека, но сигурно, се издвојуваат неколку играчи, добар дел од нив како нови во прволигашката конкуренција.

По два одиграни натпревари, најдобар просек има Глен Абрам од Гостивар, високи 32. поени, што е за нијанса подобро од оној кој го има Виктор Ефремовски од Работнички, кој во овој момент е на 31.5 поени по меч. Трет на листата на стрелците моментално е најкорисниот играч на второто коло, Александар Радукиќ, со 24.5 поени по натпревар.

*Во оној скокачки дел, неколку промени во однос на премиерниот круг од натпреварите. Лук Андерсон од Тиквеш Голден Игл, и Урош Луковиќ (МКК Куманово), со просечни 11.5 скока се на делба на првата позиција во овој сегмент од статистиката. И се единствените со двоцифрен број на скокови во ТОП 5 рангирањето.

*Во категоријата на најдобри асистенти, Виктор Златевски од Феникс 2010 ја задржа водечката позиција, макар што имаше двојно помалку додавања во однос на премиерата. Сега е на просек од 7.5 асистенции, што е нешто повисок во однос на Бобан Стајиќ (Пелистер) и Дамјан Робев (Работнички), кои имаат по седум успешни додавања.

*Бојан Стојановски го намали процентот на загубени топки кој го направи во првото коло, сега е на скоро двојно помали 5.5. Блиску до неговиот ефект се уште четворица играчи, со просек од точно пет загубени топки. Во таа група се Александар Радукиќ (МКК Куманово), Глен Абрам (Гостивар), Луал Рахама (Феникс 2010) и Мухамед Тачи (Чаир 2030).

*Тројца кошаркари се на делба на првата позиција во категоријата, освоени топки. По 3.5 освоени топки во овој момент имаат Декариус Николас (Кожув), Ватанго Донзо (Феникс 2010) и Андрија Стевановиќ (МКК Куманово).

*Ватанго Донзо од екипата на Феникс 2010, останува прв блокер во лигата, затоа што на два натпревари има комплетирано десет блокади, односно просечни пет по натпревар, што е доста подобар резултат во однос на Урош Луковиќ (МКК Куманово), кој е на двојно помали 2.5 блокади на меч.

*Александар Радукиќ (МКК Куманово, е играчот кој одигра најмногу минути во првите две кола, односно во просек, на теренот поминал по неверојатни 39:38 минути,

Висок просек на минути во својот прв меч во сезоната имаше и репрезентативецот од редовите на Работнички, Дамјан Робев кој одигра 38:40 минути на средбата со ТФТ.

*Во првото коло беа пет, сега се нешто помалку, вкупно тројца кошаркари имаат максимален процент на реализација во обидите за еден поен.

Засега, без грешка од линијата за слободни фрлања погодуваат Максим Митевски и Александар Радукиќ од МКК Куманово, односно Никола Малешевиќ од Пелистер.

*Урош Луковиќ од МКК Куманово е играчот кој по две суперлигашки кола има најдобра реализација во обидите за два поени. Високиот центар погодува со високи 85% од дистанца, додека нешто понизок е процентот на реализација на Никола Малешевиќ (Пелистер), кој има 84.6%.

*Никола Малешевиќ (Пелистер) има највисок процент на реализација во обидите за три поени. Крилото на екипата од Битола погодува со неверојатни 83.3% на успешност, што е доста подобро во однос на „трилингот“ Виктор Ташовски и Џастин Гордон од ТФТ, односно Андреј Митревски (Пелистер), кои се на 57.1%.

*Урош Луковиќ (МКК Куманово) севкупно, има најдобра реализација во обидите од поле. Високиот српски центар сега е на 85 % на успешност, пред одличниот Никола Малешевиќ (Пелистер) кој има 84.2%, додека Џастин Гордон (ТФТ), е на 68%.

ПОЕНИ

Играч нат. поени просек

1.Глен Абрам (Гостивар) 2 64 32.0

2.Виктор Ефремовски (Работнички) 2 63 31.5

3.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 2 49 24.5

4.Никола Малешевиќ (Пелистер) 2 45 22.5

5.Џастин Гордон (ТФТ) 2 44 22.0

СКОКОВИ

1.Лук Андерсон (Тиквеш ГИ) 2 23 11.5

2.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 2 23 11.5

3.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 2 19 9.5

4.Петар Бошалески (Тиквеш ГИ) 2 18 9.0

5.Амар Хот (Маџари) 2 18 9.0

АСИСТЕНЦИИ

1.Виктор Златевски (Феникс 2010) 2 15 7.5

2.Бобан Стајиќ (Пелистер) 2 14 7.0

3.Дамјан Робев (Работнички) 1 7 7.0

4.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 2 13 6.5

5.Карен Вилсон (Пелистер) 2 11 5.5

ЗАГУБЕНИ ТОПКИ

1.Бојан Стојановски (Работнички) 2 11 5.5

2.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 2 10 5.0

3.Глен Абрам (Гостивар) 2 10 5.0

4.Луал Рахама (Феникс 2010) 2 10 5.0

5.Мухамед Тачи (Чаир 2030) 2 10 5.0

ОСВОЕНИ ТОПКИ

1.Декариус Николас (Кожув) 2 7 3.5

2.Ватанго Донзо (Феникс 2010) 2 7 3.5

3.Андрија Стевановиќ (МКК Куманово) 2 7 3.5

4.Глен Абрам (Гостивар) 2 6 3.0

5.Стенли Дејвис (ТФТ) 2 5 2.5

БЛОКАДИ

1.Ватанго Донзо (Феникс 2010) 2 10 5.0

2.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 2 5 2.5

3.Стеван Глигоријевиќ (Тиквеш ГИ) 2 4 2.0

4.Стојан Ѓуроски (Работнички) 1 2 2.0

5.Дамјан Робев (Работнички) 1 2 2.0

МИНУТИ

1.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 2 79:16 39:38

2.Дамјан Робев (Работнички) 1 38:40 38:40

3.Родни Первис (Кожув) 2 75:41 37:50

4.Илија Колев (Кожув) 2 74:45 37:22

5.Виктор Ефремовски (Работнички) 2 71:52 35:56

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ЕДЕН ПОЕН

1.Никола Малешевиќ (Пелистер) 2 100%

2.Максим Митевски (МКК Куманово) 1 100%

3.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 2 100%

4.Андрија Стевановиќ (МКК Куманово)``90.0%

5.Џавон Грин (Маџари) 2 90.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ДВА ПОЕНИ

1.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 2 85.0%

3.Ленгстон Вилсон (Пелистер) 2 82.3%

2.Никола Малешевиќ (Пелистер) 2 84.6%

4.Џастин Гордон (ТФТ) 2 72.2%

5.Теодор Симиќ (Кожув) 2 66.60%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА - ЗА ТРИ ПОЕНИ

1.Никола Малешевиќ (Пелистер) 2 83.3%

2.Виктор Ташовски (ТФТ) 2 57.1%

3.Андреј Митревски (Пелистер) 2 57.1%

4.Џастин Гордон (ТФТ) 2 57.1%

5.Карен Вилсон (Пелистер) 2 50.0%

ПРОЦЕНТ НА РЕАЛИЗАЦИЈА ОД ПОЛЕ – ВКУПНО

1.Урош Луковиќ (МКК Куманово) 2 85.0%

2.Никола Малешевиќ (Пелистер) 2 84.2%

3.Џастин Гордон (ТФТ) 2 68.0%

4.Ленгстон Вилсон (Пелистер) 2 66.6%

5.Александар Радукиќ (МКК Куманово) 2 58.6%