13.10.2025

Силното крило на кумановскиот суперлигаш дојде до 36. индексни поени во победата против Маџари, најмногу во второто коло

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ - ПЕТОРКА НА 2. КОЛО: Радукиќ, за уште една победа за МКК Куманово!

Во првото коло беше дел од втората петорка, а во второто, место погоре, во првата. Уште еднаш покажа дека играта на екипата од Куманово во голема мерка зависи од неговите активности на теренот.

АЛЕКСАНДАР РАДУКИЌ (МКК КУМАНОВО)

Беше еден од творците на големиот пресврт кој го направија „сино-белите“ во последниот период во кој ја анулираа двоцифрената негатива и стигнаа од вториот триумф во сезоната.

Го одигра скоро сите 40.минути, притоа оствари дабл-дабл ефект, изразен со реализација на 26.поени (1/2за три поени, 7/11 за два и максимални 9/9 од линијата за слободни фрлања. Освен тоа дојде и до 12. скока (два офанзивни), шест асистенци. Имаше и четири загубени и една освоена топка, се заедно за индекс-36, и најмногу во вториот круг од натпреварите.

НИКОЛА МАЛЕШЕВИЌ (ПЕЛИСТЕР)

Второ коло по ред ги потврдува своите квалитети. Искусниот крилен играч е одново дел од идеалните пет, овојпат, со најдобар индивидуален учинок.

Дојде до 35. индексни поени, и тоа само со еден нереализиран обид од поле. За период од 26:21 минути, дојде до скор од 23.поени (3/3 за три, 4/5 за два и 6/6 за еден поен), плус осум скока, шест скока, една загубена топка, сето тоа за втор највисок индексен рејтинг во второто коло од МТЕЛ Супер лигата.

ЏЕЈЛЕН БИЛИНГСЛИ (ЧАИР 2030)

Евидентно е дека и оваа година, стручниот штаб на екипата од Чаир ќе се наслони на индивидуалните квалитети на поединци, посебно оние од странство.

На почетокот на оваа сезона, како некој поентерски лидер се наметнува токму Џејлен Билингсли.

Иако неговата екипа загуби убедливо на гостувањето во Битола, тоа не му посмета да дојде до 31 индексни поени. Односно, ако се сметаат бројките, за 35:27 минути во игра, реализираше двоен ефект од 27.поени (3/3 за три, 8/15 во обидите вредни по два поени, односно 2/2 од линијата за слободни фрлања. Но имаше и 11. скока (три од нив во фазата на нападот), една асистенција и една освоена топка.

УРОШ ЛУКОВИЌ (МКК КУМАНОВО)

Повторно, во „копродукција“ со Радукиќ е еден од најзаслужните што МКК Куманово има две победи во две одиграни кола од почетокот на новата сезона.

Против дебитантот во друштвото на најдобрите, екипата на Маџари, највисокиот играч во македонската клупска кошарка, испорача ушште еден одличен, двоен ефект.

Остана на теренот нецели 25. минути, притоа забележа 16.поени (7/8 во обидите за два и 2/5 во оние за еден поен), со дополнителни 14 скока (четири од нив офанзивни), плус и четири блокади, и по една освоена, односно загубена топка, доволно за 30. индексни поени.

ГЛЕН АБРАМ (ГОСТИВАР)

Ако се смета неговиот учинок на првите два одиграни меча во дресот на Гостивар, извесно е дека Глен Абрам ќе биде носителоости во екипата која ја предводи Љупчо Малинков.

Но за разлика од првиот, на овој втор напревар стигна и наекипата на Ангели.

За нешто помалку од 34. минути во игра, реализираше исто толку поени (6/11 во шутот за три поени, 2/4 за два, а погоди и 12. од 15. изведени слободни фрлања за да дојде до таа висока бројка на реализации. Освен тоа, имаше и по четири асистенции, исто толку освоени топки, но и шест загубени за тоа време поминато во игра, и индекс 28.

ПРВА ПЕТОРКА

Александар Радукиќ (МКК Куманово)

Никола Малешевиќ (Пелистер)

Џејлен Билингсли (Чаир 2030)

Урош Луковиќ (МКК Куманово)

Глен Абрам (Гостивар)

ВТОРА ПЕТОРКА

Џастин Гордон (ТФТ)

Петар Бошалески (Тиквеш Голден Игл)

Мек Смит Мексвејн (МЗТ Скопје Аеродром)

Ватанго Донзо (Феникс 2010)

Андрија Стевановиќ (МКК Куманово)

*петорките се формирани според бројот на остварени индекс поени