11.10.2025

Сигурна игра и убедлива победа (83:63) во дуелот со Работнички

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Дербито на „Кале“ во знакот на црно-белата боја, онаа на ТФТ

Две силни четвртини, првата и последната, беа доволни за кошаркарите на ТФТ да го победат Работнички и да ја регистрираат втората победа во новиот шампионат.

ТФТ – РАБОТНИЧКИ 83:63

Одлична прва, но и последна четвртина имаа домашните кошаркари во соседската пресметка против Работнички, екипа во која се вратија репрезентативците Стојан Ѓуроски и Дамјан Робев, но не заиграа и странските кошаркари кои не добија дозвола за настап ниту во овој втор круг од натпреварите во МТЕЛ Супер лигата.

Веќе во воведните десет минути ТФТ се стекна со двоцифрена предност (24:13), која условно кажано „гостите“ ја преполовија во втората четвртина и на полувреме „бело-црните“ да водат со шест поени (42:36).

По изедначениот трет дел од играта, домаќините го зададоа решавачкиот удар во последната во која ги симнаа сите дилеми околу конечниот победник.

Уште една одлична игра по онаа во Гевгелијам прикажа Гордон, кој финишираше со 22. поени (8/11 во обидите за два поени), плус пет скока. Го следеше Дејвис, кој додаде 17.поени и седум скока (плус три асистенции), додека стандардно добра игра прикажа и репрезентативецот Ташовски, кој освен 13.поени имаше и четири скока и три асистенции.

Во вториот пораз на Работнички на почетокот на сезоната. Ново одлично, поентерско издание имаше Ефремовски, кој забележа 25.поени (пет тројки), имаше и четири скока, Ѓуроски даде 16, додаде и осум скока, додека Робев заврши со 11. реализации, како и по седум скока и исто толку успешни додавања.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО

ТФТ – Работнички 83:63

Пелистер – Чаир 2030 104:74

11. ОКТОМВРИ (САБОТА)

17.00: Тиквеш Голден Игл – Кожув

Сака „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WQGvP44PKfY?si=mQHIFxHHrVbOCKdW

17.00: Ангели – Гостивар

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/F9cVrH3nR2s?si=q1zTgs4-908UQ7nH

17.00: МКК Куманово – Маџари

Спортска сала – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xzEjZkjqNcU?si=y40MJOoQMyNDl5fa

* натпреварот се игра без присуство на публика

12.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 (МРТ3)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК:https://www.youtube.com/live/NHTczb25uvc?si=bMLc1viQC2MXn-la