12.10.2025

Едно полувреме парираа „гостите“ на шампионот, на крајот, се помина без изненадување во СЦ „Јане Сандански“, убедливи (91:76)

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Една четвртина доволна за шампионот да го „скрши“ отпорот на Феникс

Актуелниот шампион, екипата на МЗТ Скопје Аеродром дојде од вториот триумф во новата сезона од МТЕЛ Супер лигата откако во дуел со две различни полувремиња, го совлада „соседот“, Феникс 2010.

По егал 20. минути, во кои гостите имаа и вишок и од десет поени, во второто, аеродромци го претворија квалитетот и поголемиот бррој на поквалитетни играчи, во очекувана победа.

МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – ФЕНИКС 2010 91:76

Доста проблеми имаше бранителот на титулата во првото полувреме од дуелот со силно мотивираниот состав на Феникс. „Сино-белите“„ поведоа со (9:7) во 4. минута од играта, и цели 15.минути предноста беше на страната на, условно земено, гостинската екипа.

Феникс 2010 дефинитивно, во тој дел го изненади фаворизираниот противник...

Со серија од седум поени, изгради солидно водство (17:10), а нешто потоа, гостите имаа и плус од 10 поени, (24:14).

Среќна oколност за домашната екипа е што го имаше расположениоt Смит Mексвејн, кој буквално сам го врати МЗТ Скопје кон подобар скор, односно и до минимално водство, кое беше запишано по 19.минути од играта во СЦ „Јане Сандански“ (41:39).

Ни за да биде се во знакот на егал, се погрижи најдобриот поединец во редовите на Феникс 2010 во првите 20.минути. Со својот 16.поен, Рахама донесе нерешени (43:43) на полувремето во кое Феникс 2010 покажа голем инает, но и желба за докажување, во крајна мерка, и изненадување, а против себе имаше екипа која не беше со некои високи мотиви за натпреварување.

Сепак, и со играч кој даде скоро половина од поените во тој дел од играта (вкупно 21), МЗТ Скопје имаше дури, и слободно може да се каже, добар резултат.

Но по одморот, еден сосема поинаков МЗТ Скопје, со многу поголем ангажман на домашните кошаркари кој донесе, за кратко време, двоцифрена предност. Прво од (56:45), потоа и (61:50), доволно за тренерот на гостите, Дервишевиќ да поовика тајм-аут во шестата минута од играта во третата четвртина.

Во тој стил беше затворен и тој дел, со водство на фаворитот (69:57), кој во оние десет кои преостанаа, рутинерски, скоро како на тренинг, го затвори мечот во СЦ „Јане Сандански“.

Смит Мексвејн заврши и како најефикасен играч на МЗТ Скопје, постигна 25.поени (плус четири аасистенции и три скока). Го следеа МекКејден кој даде 15 (и три скока), и Војдан Стојановски кој уфрли 11.поени.

За екипата на Феникс 2010, Рахама застана на 21.поен (имаше и осум скока и три асистенции), Златевски финишираше со 15.поени (пет асистенции и три скока),  Донзо додаде 12 (имаше и седум скока)

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ 2. КОЛО

МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 91:76

Тиквеш Голден Игл – Кожув 70:72

Ангели – Гостивар 86:91

МКК Куманово – Маџари 82:76

ТФТ – Работнички 83:63

Пелистер – Чаир 2030 104:74

ТАБЕЛА: Пелистер 4, ТФТ 4, МКК Куманово 4, МЗТ Скопје 4, Кожув 3, Тиквеш Голден Игл 3, Феникс 2010 3, Гостивар 3, Маџари 2, Ангели 2, Чаир 2030 2, Работнички 2;

ИДНО КОЛО

Феникс 2010 – МКК Куманово

Чаир 2030 - ТФТ

Кожув – Гостивар

Маџари – Пелистер

Ангели – МЗТ Скопје Аеродром

Работнички – Тиквеш Голден Игл