Бранителот на титулата, МЗТ Скопје Аеродром, и новакот во елитното друштво, екипата на Маџари, ја има честа да ја отворат 34. сезона во македонската кошарка, и да го одиграат првиот натпревар од МТЕЛ Супер лигата.
Во доста интересен, во најголем дел и израмнет натпревар, на крајот победата ја однесе домашната екипа.
МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ – МАЏАРИ 77:70
Мошне ефикасна прва четвртина одиграа МЗТ Скопје и Маџари на отворањето на ноовата првенствена сезона. Во десет минути, двете екипи реализираа 52 поени, домаќинот даде два повеќе, за минимално водство, (27:25). Од тие 27. реализации, повеќе од половината (15) беа зад линијата од 6.75 метри, а интересно петмина различни играчи реализираа по една.
Израмнето се играше и во втората четвртина, период од играта во која бранителот на трофејот имаше постојано водство. Но не поголемо од шест поени (35:29), забележано во 15.минута. Гостите од Маџари не дозволија да биде и повисоко, намалија на (40:41), но првото полувреме заврши со нешто поголема предност за фаворитот (43:40).
Поентерски, Гил имаше 11. поени кај домашната екипа во првите 20.минути, додека одлични минути на дебито за Маџари имаше Артис Стејплтон, кој дојде до 17. поени (7/10 во шутот од поле).
По четири минути игра од третиот дел, МЗТ Скопје поведе со (50:42), знак за тајм-аут на страната на Маџари, тоа беше дотогаш и највисоката негатива во која влезе гостинската екипа. Веќе во наредниот напад, „металците“ се изборија и за највисоката позитива (53:42). Но новакот во суперлигашката конкуренција „не падна“. До крајот на третата четвртина поништи добар дел од неа, и во последната, по тројката на Хот, да биде во минус од само пет поени (55:60).

По тројката на Грин (негов 13.поен на мечот), Маџари беше уште поблиску до шампионот (59:61). Но Гил возврати на идентичен начин, и макар за момент го одби тој напад на гостите. Погоди уште еднаш од далечина, за доста покомотно водство (69:62), на средина од последниот период, кое се покажа и како недостижно за екипата која за прв пат игра во најсилна конкуренција.
Гил заврши со 22. поени (имаше и шест скока), двоцифрен беше и Андоноски, кој постигна 12.поени (имаше и два скока). Смит-Мексвејн имаше 11 (и седум успешни додавања), Крстевски даде девет, имаше и седум скока, а и сто толку поени дојдоа и од Војдан Стојановски.
Во екипата на Маџари, Стејплтон застана на бројката од 21.поен (плус пет асистенции и три скока), Грин го следеше со 20. реализации (и осум скока). Искусниот Димчевски заврши со 8.поени, додека Амар Хот имаше 11.скока (и шест поени).
МТЕЛ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 1. КОЛО
МЗТ Скопје Аеродром – Маџари 77:70
4. ОКТОМВРИ (САБОТА)
18.00: Гостивар – Тиквеш Голден Игл
Сала „Младост“ – Гостивар
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/_sBPP_6XW_0?si=p1_wm3OZ8YO_-IMK
5. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
15.00: Работнички – Пелистер
Сала СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/MEhBso_uNG8?si=D1I8hklZfUDqeS3n
18.00: Кожув – ТФТ
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Hgn94lpOS_8?si=b4wionqdpRYL9oxg
19.00: Чаир 2030 – МКК Куманово
Сала „Шабан Трстена“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/8y5-Exy-5fQ?si=_gDxniH4BnAx__vJ
20.30: Феникс 2010 – Ангели
Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/2bjzzaAmDgw?si=1bOr6xe4SoPaJvpg