11.10.2025

Со тројка на шест секунди пред крајот, искусниот бек го спречи изненадувањето, Гостивар едвај до триумфот (91:86)

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Младеновиќ ги расплака Ангели

Иако водеа во најголем дел од мечот во салата „Независна Македонија“ долго време и со двоцифрен плус, тоа не им беше доволно на младите кошаркари наа Ангели да излезат како победници во натпреварот против Гостивар.

АНГЕЛИ – ГОСТИВАР 86:91

Иако важат за единствената екипа која МТЕЛ Супер лигата ја играат без помош од странци, кошаркарите на Ангели уште во првата четвртина од средбата со Гостивар најавија дека се подготвени да (на) прават изненадувања.

Одиграа одлично во оној офанзивен сегмент. Им испорачаа на гостиварци 28.поени, примија доста помалкку, за битна почетна предност (28:16). Гостите се обидуваа да ја симнат на едноцифрена, што делумно и успеаја во вториот дел од играта, но не и да направаат комплетно доближување.

По две одиграни четвртини, Ангели имаа солидно водство (45:37).

Но не се задоволија со истото избраниците на тренерот Игор Гацов. Откако добро одморија особено оние кои имаа поголем „простор“, продолжија во истиот ритам. Тоа им донесе нова двоцифрена позитива, која по три четвртини изнесуваше 12.поени, (69:57).

Но и гостите не го имаа кажано својот последен збор на гостувањето во Кисела Вода, притиснаа гостинските кошаркари, дојдоа одново до достижна негатива. Во средината на последната четвртина, заостануваа само пет поени (74:79). Беа успешни во наредните два напади, во кои ја сведоа предноста на ривалот на само „половина кош“ (79:80).

На помалку од две минути пред крајот, гостивар премина и во водство (86:84). кое во последната минута, го анулираше Кацарски (86:86).

Останаа уште 26.секунди за конечно решение.

Во нив, во херој на Гостивар се претвори најискусниот во нивната екипа, Марјан Младеновиќ. погоди тројка вредна победа за Гоостивар.

Во оние шест преостанати секунди Стојанов не успеа да врати со иста мерка, па победата остана за Гостивар. Ја потврди Абрам, кој постави конечни (91:86), за потврда на одличната напаѓачка вечер коај ја круниса со 34.поени.

Капитенот на Гостивар, Димитриевски имаше двоен ефект од 13.поени и 10. скока, а меч-винерот Младеновиќ заврши со 12.поени (шест скока и три асистенции), додека двоен број на поени 13 даде и Елербе.

Во домашната екипа, која долго ќе жали за оваа загуба, Богатиновски даде 21.поен (плус седум скока и две додавања), додека Кацарски и Ибраими имаа по 14.поени.