20.10.2025

Поради настапите во АБА 2 лигата односно ФИБА Евро купот, своите мечеви од третиот круг ќе ги одиграат на 24. октомври (петок)

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје и Пелистер со „двојни обврски“

Согласно со препораките на МВР, поради одржувањето на локалните избори, третиот круг од натпреварите од МТЕЛ Супер лигата беше пролонгиран за неколку дена, и изминатиот викенд не се играше суперлигашшка кошарка. Но веќе од вторник, согласно со пропозициите за натпреварување, и одлуката на комесарот за натпреварување, тргнуваат мечевите од третото коло.

Ќе биде „поделено“ во неколку дена...

Односно три натпревари ќе се играат на 21. октомври (вторник), еден, ден подоцна, а последните два на програмата се на 24. октомври, во петок, резервирани се за дел до екипите кои имаат европски, или обврски во АБА 2 лигата.

Екипата на Пелистер, поради настапот во ФИБА Евро купот (во среда навечер ќе игра против словачкиот претставник Превидза), од 19.часот ќе го дочека дебитантот во ова конкуренција, екипата на Маџари.

Еден час порано, во салата „Независна Македонија“, екипата на Ангели ќе го нагости актуелниот првак, МЗТ Скопје Аеродром. Претходно, „металците“ ќе имаат дополнителни обрвски, поврзани со настап во АБА 2 лигата. Патуваат за Никшиќ. каде во среда навечер (од 20.асот), ги чека дуелот потив екипаата на Сутјеска.

Инаку, ова коло број 3, ќе биде отворено со дуелот во салата „26.април“ во Гевгелија, каде екипата на Кожув ќе го дочека Гостивар. Натпреварот стартува од 18.часот, во ист термин во кој на теренот во салата СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе се појават екипите на Работнички и Тиквеш Голден Игл.

Нешто подоцна, (од 19.30 часот), во салата „Шабан Трстена“ ќе се сретнат екипите на Чаир 2030 и ТФТ.

Еден натпревар ќе се одигра во среда, и тоа од 20 часот, во спортската сала во Куманово, каде МКК Куманово е домаќин на екипата на Феникс 2010.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 3. КОЛО

21. ОКТОМВРИ (ВТОРНИК)

18.00: Кожув – Гостивар

Сала „26.април“ – Гевгелија

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/XfMxFX0ZqUc?si=D4qmbUiRTkYmDzcs

18.00: Работнички – Тиквеш Голден Игл

СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ErN6WUtG440?si=SFzpeJfycuuk-Tlj

19.30: Чаир 2030 - ТФТ

Сала „Шабан Трстена“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/ZHI3qxYfS_Q?si=zH6q2dXXA4Ss7IBq

22. ОКТОМВРИ (СРЕДА)

20.00: МКК Куманово - Феникс 2010

Спортска сала – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/j17IEEbacto?si=cBbXSoZPAaSdoLqK

24.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

18.00: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3nRSZuWyd4E?si=WJCy6eVaso9gI1Ol

19.00: Пелистер - Маџари

Сала „Боро Чурлевски“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hRueTMpeXKM?si=AyLkBhzyRW9Gfvld

ТАБЕЛА: Пелистер 4, ТФТ 4, МЗТ Скопје 4, МКК Куманово 4, Тиквеш Голден Игл 3, Феникс 2010 3 , Кожув 3, Гостивар 3, Маџари 2, Ангели 2, Чаир 2030 2, Работнички 2;