24.10.2025

Шампионот брзо се рехабилираше за поразот во Никшиќ, лесно помина во мечот против екипата на Ангели (78:55)

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје турка максимално  на „домашен терен“

Актуелниот шампион на Македонија немаше проблеми на гостувањето во Кисела вода, стигна до сигурен труумф во дуелот со екипата на Ангели.

АНГЕЛИ – МЗТ СКОПЈЕ АЕРОДРОМ 55:78

Две добро одиграни четвртини, првата и третата им беа и повеќе од доволни на „металците“ да стигнат до третиот успех во домашниот шампионат.

Во првата се одвоија на (26:12), а по изедначениот втор период, кој го добија со минимални (18:17), притиснаа уште малку, избраниците на тренерот Васко Атанасов во третиот, во кој и ги тргнаа дилемите околу тоа кој ќе ги освои двата бода.

Го добија гостите овој период со двојно поголеми (20:10), за да имаат недостижни (64:39).

На оваа средба на која во составот го немаа капитенот Дамјан Стојановски, во „сино-белиот“ тим најмногу поентираа МекКејден, кој постина 15.поени (имаше и пет скока), Гил реализираше 12 (и пет скока), двоен број на поени – 12 уфрли Магдевски (заедно со шест асистенции и пет скока),

Во екипата на Ангели, која го запиша третиот пораз, интересно, ниту еден играч со двоен број на поени. По девет реализираа Атанасов, Балов и Ибраими.