09.10.2025

Колото број 2, во петок навечер од 19.часот, ќе го отворат екипите на Пелистер и Чаир 2030

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Пред новите евро-предизвици, „пелистерци“ по втора победа

Со оглед на обврските кои им следуваат во текот на наредната седмица, кошаркарите на Пелистер својот меч од второто коло, оној против екипата на Чаир 2030 ќе го одиграат ден порано од превидениот термин.

Во петок навечер, од 19.часот, (директен пренос на МРТ3) во салата „Боро Чурлевски“, „пелистерци“ ќе се обидат да дојдат до вториот триумф во новата првенствена сезона. По успехот на премиерата против Работнички во Скопје, битолчани пред себе имаат екипа која, за разлика од нив, загуби во првиот круг од МТЕЛ Супер лигата, која во меѓувреме доби уште некои нови играчи.

Ден подоцна, односно во оној доцен неделен термин, (20.часот), својот натпревар од второто коло ќе го одигра и екипата на МЗТ Скопје. Во СЦ „Јане Сандански“ (исто така со (директен пренос на МРТ3), „металците“ ќе се сретнат екипата која своите мечеви ги игра на истото место – Феникс 2010.

„Сино-белите“ имаа сериозни проблеми да дојдат до бодовите против екипата на Маџари, во меѓувреме, одиграа многу подобро, и победија против српскиот Вршац, во АБА 2 лигата, што ги прави шансите на младиот гостински состав на Феникс 2010 уште помали.

Останатите четири натпревари ќе се играат на 11. октомври (сабота). Интересно, три натпревари се закажани во ист термин – 17.часот.

Сепак, саботната програма ќе биде отворена нешто порано. Поточно од 13.часот, во СРЦ „Кале“ каде екипата на ТФТ во соседниот дуел го „дочекува“ Работнички.

Двете екипи во различни расположенија.

ТФТ во победничко, по успехот на гостувањето во Гевгелија и триумфот против екипата на Кожув. Работнички со себе ги носи проблемите, најповеќе поврзани со регистрација на странските играчи (не му беа на располагање на тренерот Влатко Мирковски на премиерата против Пелистер) и средување на други детали (од финансиска природа) за нормално функционирање на клубот.

Својот прв меч во сезоната кошаркарите на МКК Куманово ќе го дочекаат без помошта на своите навивачи „куманите“, поради суспензијата која е „на сила“ од ланската сезона.

Противник им е дебитантот во суперлигашката конкуренција, екипата на Маџари, која одигра одлични 40.минути на дуелот со бранителот на титулаата, пто е знак за уште подобри изданија на тимот кој од клупата го предводи еден од најмладите тренери во елитната конкуренција, Миодраг Тодоровиќ.

Во истиот термин, во салата „Јасмин“ во Кавадарци, Тиквеш Голден Игл го пречекува гевгелиски Кожув, додека во салата „Независна Македонија“ во Скопје, Ангели се домаќини на Гостивар, во натпревар во кој, јасно е, некој од ривалите ќе го запише првиот триумф во новата сезона.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 2. КОЛО

10. ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

19.00: Пелистер – Чаир 2030 (МРТ3)

Сала „Боро Чурлевски“ – Битола

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/pP1fIHm8bn4?si=SyFl09tTXMbhOTjO

11. ОКТОМВРИ (САБОТА)

13.00: ТФТ – Работнички

СРЦ „Кале“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/h330x_HHqEo?si=f4t6YXitAJ3PNShX

17.00: Тиквеш Голден Игл – Кожув

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WQGvP44PKfY?si=mQHIFxHHrVbOCKdW

17.00: Ангели – Гостивар

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/F9cVrH3nR2s?si=q1zTgs4-908UQ7nH

17.00: МКК Куманово – Маџари

Спортска сала – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xzEjZkjqNcU?si=y40MJOoQMyNDl5fa

* натпреварот се игра без присуство на публика

12.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)

20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 (МРТ3)

Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК:https://www.youtube.com/live/NHTczb25uvc?si=bMLc1viQC2MXn-la