Максимално изедначен натпревар се играше во Гевгелија. Буквално до последната секунда не се знаеше победникот. А тогаш се „појави“ Родни Пурвис, кој во рок од само четири секунди, далеку зад линијата за три поени, од невозможна позиција, му донесе голем триумф на Кожув против Гостивар.
КОЖУВ – ГОСТИВАР 73:72
Со исклучок на првите три-четири минути, оние воведните во кои Гостивар направи одлична серија, од (11-0), во која во главна улога беше Карахоџиќ, кој нанижа осум поени за тој краток период (две тројки).
Но брзо успеаја да се консолидираат домашните кошаркари.
До истекот на првата четвртина се вратија назад, имаа минимално заостанување (17:19).
Уште поизеднаено се играше во вториот период во кој двете екипи направија неколку промени на водството. Во еден момент, Кожув имаше плус 4, (28:24), но на полувремето, Гостивар беше екипата коај имаше предност, секако минимална (31:30).
Во таков ритам се играше и во продолжението, ниту паузата онаа големата, од 15.минути не донесе некоја промена. Но сепак, по три четвртини Кожув беше екипата која имаше предност јасно не беше и висока, (55:51).
Но онаа последната, која дефинитивно беше и решавачка, им припадна на гостите од Гостивар. Во нецели шест минути направија (16-5), доволно да направат уште еден резултатски пресврт, поведоа со (67:60).
Во Кожув, особено во фазата на нападот, како да играа само Николас и Колев (имаа по 17.поени), но и тоа беше доволноо за тимот од Гевгелија направи ново „враќање“. Се доближија домаќините на минус од четири поени (65:69). и имаа само една минута да го анулираат.
По тројката на Пурвис, веќе стана драматично, Кожув намали на (68:69). врати Абрам, но Николас продолжи да погодува, за ново намалување, на (70:71). По лошиот обид-положување на Дубински, Караџохиќ доби шанса со две реализирани слободни фрлања да го донесе Гостивар во „добитна комбинација“. Но центарот на Гостивар беше половичен од линијата за слободни фрлања. Тоа го казни Пурвис со една неверојатна тројка вредна голема победа за гевгеличани кои сега се на скор (2-1).
„Меч-винерот“ заврши како трет играч со двоен број на поени во Кожув, имаше 11, а претходно тоа го сторија Николас (19) и Колев (17).
На спротивната страна, Абрам остана прв „скорер“ со 21.поен, делумниот трагичар во нивните редови, Карахоџиќ дојде до 20, додека Елербе имаше уште 10.поени.
„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
Кожув – Гостивар 73:72
Работнички – Тиквеш Голден Игл 99:87
Чаир 2030 – ТФТ (во тек)
22. ОКТОМВРИ (СРЕДА)
20.00: МКК Куманово - Феникс 2010
Спортска сала – Куманово
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/j17IEEbacto?si=cBbXSoZPAaSdoLqK
24.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)
18.00: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3nRSZuWyd4E?si=WJCy6eVaso9gI1Ol
19.00: Пелистер - Маџари
Сала „Боро Чурлевски“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hRueTMpeXKM?si=AyLkBhzyRW9Gfvld