21.10.2025

„Црвено-белите“ заиграа во состав кој го посакуваа(т) и го победија Гиквеш Голден Игл (90:82)

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ: Работнички се консолидираше, и веднаш победи

Кошаркарите на Работнички стигнаа од првата победа во МТЕЛ Супер лигата откако со подобар почеток и завршница излегоа како победници во дуелот со екипата на Тиквеш Голден Игл

РАБОТНИЧКИ – ТИКВЕШ ГОЛДЕН ИГЛ 99:87

Она што го стекнаа во текот на првото полувреме, вишокот од седум поени (51:44), домашните кошаркари го загубија за една четвртина. Во онаа третата, гостите од Кавадарци успеаја во обидите да се вратат, и последниот период од играта да го дочекаат во еден егал резултат (67:67).

Ако се тргне настрана ефектот на Робев, останатите четири играчи од стартната петорка на Работнички дојдоа до двоен број на реализации во тие три периоди од натпреварот.

Апсолутно иста беше и распределбата на поените во Тиквеш Голден Игл (недостасуваа поените од Бошалески).

Во оној решавачки дел, скопските „црвено-бели“ успеаја одново да се одвојат. По тројката на Ефремовски (четвртта од седум обиди), во сдредишниот дел од четвртината, Работнички поведе со (82:77). А по четирите поени по ред на Хатсон, Работнички имаше уште поголеми (86:79), и само нецели три минуути до крајот. Доста време кое гостите од Кавадарци не успеаја да го искористат за да направат нешто повеќе, па кошаркарите на Работнички можеа да почнат со славењето на првиот триумф во новиот шампионат.  

Токму Хатсон, со 22. реализации беше прв стрелец во победничката екипа. Ѓуроски и Ефремовски го следеа со 19.поени, Томпсон даде еден помалку, а двоен број на поени, 12 оствари и Алстон.

Кај Тиквеш Голден Игл кој сега е на ист скор како и вечерашниот ривал (1-2), 21.поне реализираше Дис, еден поен помалку постигна Андерсон, Џексон додаде 13, а Глигоријевиќ и Димитриев по 12.поени.

„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО

Работнички – Тиквеш Голден Игл     99:87

Кожув – Гостивар      (во тек)

Чаир 2030 - ТФТ   (во тек)

22. ОКТОМВРИ (СРЕДА)

20.00: МКК Куманово - Феникс 2010

Спортска сала – Куманово

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/j17IEEbacto?si=cBbXSoZPAaSdoLqK

24.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)

18.00: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Независна Македонија“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3nRSZuWyd4E?si=WJCy6eVaso9gI1Ol

19.00: Пелистер - Маџари

Сала „Боро Чурлевски“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hRueTMpeXKM?si=AyLkBhzyRW9Gfvld