Во третиот натпревар од првата вечер, од третото коло на МТЕЛ Супер лигата, кошаркарите на ТФТ дојдоа до многу важна, гостинска побеца во Чаир.
Го имаа скопските „црно-бели“ супер расположениот двоец Гордон-Дејвис, кој креираше двоцифрена предност уште во првото полувреме, што на крајот се покажа и како сосема доволно за трета, по ред, победа на отворањето на новата сезона.
ЧАИР 2030 – ТФТ 64:82
Првата посериозна разлика гостинските кошаркари ја направија во средишниот дел од втората четвртина, кога по „два плус еден “ играта на Дејвис, поведоа со (33:21).
Индивидуално гледано, одлично прво полувреме имаше Дејвис, кој до истекот на првите 20.минути веќе комплетираше 16.поени. Одлични минути во фазата на нападот во гостинската екипа имаше и Гордон, кој беше „двоцифрен“, даде 14.поени. Затоа и водството на гостинската екипа во салата „Шабан Трстена“ остана исто.
ТФТ однесе на одмор плус пд 12.поени (42:30).
Слично се одвиваа работите и по одморот. Гостите продолжија во ист ритам, и не им дозволија на чаирчани да ја сведат разликата под двоцифрената. Во третиот период, не само што ја оддржаа, туку позитивата ја зголемија.
По три одиграни четвртини ТФТ водеше со (60:45).
По четири минути играње во последниот дел, беа симнати и сите дилеми, затоа што гостинските кошаркари искреираа разлика и од 21.поен (72:51).
Како почнаа, така Дејвис и Гордон го завршија својот одличен настап ова гостување. Искомбинира американскиот двоец 45 од крајните 82 поени за ТФТ.
На другата страна, Билингсли дојде од 13.поени и 13.скока, додека Тачи имаше ефект од 12.поени и пет асистенции.
„МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 3. КОЛО
Чаир 2030 – ТФТ 64:82
Кожув – Гостивар 73:72
Работнички – Тиквеш Голден Игл 99:87
22. ОКТОМВРИ (СРЕДА)
20.00: МКК Куманово - Феникс 2010
Спортска сала – Куманово
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/j17IEEbacto?si=cBbXSoZPAaSdoLqK
24.ОКТОМВРИ (ПЕТОК)
18.00: Ангели – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/3nRSZuWyd4E?si=WJCy6eVaso9gI1Ol
19.00: Пелистер - Маџари
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/hRueTMpeXKM?si=AyLkBhzyRW9Gfvld
ТАБЕЛА: ТФТ 6, Кожув 5, Пелистер 4 (-1), МЗТ Скопје 4 (-1), МКК Куманово 4 (-1), Работнички 4, Тиквеш Голден Игл 4, Гостивар 4 , Феникс 2010 3 (-1), Чаир 2030 3, Маџари 2 (-1), Ангели 2 (-1);