Во првиот натпревар од второто коло на МТЕЛ Супер лигата, кошаркарите на Пелистер имаа една одличнаа четвртина, третата, во којаа минималната негатива од полувремето ја претворија во убедливо водство, и победа над екипата на Чаир 2030. За „зелено-белите“ втора од почетокот на сезоната за уште подобро расположение пред продолжението на европските обврски кои следуваат во текот на наредната недела во ФИБА Евро купот.
ПЕЛИСТЕР – ЧАИР 2030 104:74
Двете екипи си „поделија“ по една четвртина во првото полувреме. За домаќините беше првата, во која остварија предност од пет поени (25:20),, за гостите од Скопје, втората, во тој период од мечот, беа подобри за еден поен (28:22), затоа и имаа минимално водство (48:47), на истекот на првото полувреме.
Рамномерно беа распределени и поените во тоа прво полувреме, гледано индивидуално.
На едната страна, скоро, непогрешлив бееше Малешевиќ, кој дојде до 16.поени, само со еден нереализиран обид од поле (3/4 за два, 2/2 за три, и 4/4 за еден поен).
На другата страна вистинско изненадување беше играта на Билингсли, кој освен реализацијата на 18.поени (8/10 во обидите за два поени), имаше и високи седум скока за времето минато во игра (повеќе од 18.минути).
Го следеше Четмен со девет поени, колку што на другата страна имаше Дејвис…

На почетокот на второто полувреме, сосема различна слика на теренот во салата „Боро Чурлевски“.
Откако Четмен погоди за водство на Чаир 2030 од (51:50), тргна серија од (11-0) на „пелистерци“, и по нешто повеќе од пет минути, домашната екипа поведе со двоцифрени (61:50), и тајм-аут на спротивната страна кој го побара тренерот Ерхан Рамадан.
Но репрезентативецот Митревски продолжи да погодува, особено за три поени, и донесе уште повисоки (65:52).
Незапирливо делувааше младиот бек на битолскиот суперлигаш. Уфрли уштте една тројка (трета во третиот период, четвртта на средбата), и со помош на Малешевиќ (стигна до 23.поени), го донесоа Пелистер на плус 16 (72:56), момент од 29.минута од мечот во кој „двоцифрени“ во домашната екипа стана и Дејвис, но и Крстевски.
Митревски погоди уште еднаш зад линијата од зад 6.75 метри, за највисоки (77:61), по три одиграни четтвртини.
Тој трет период од играта битолчани го добија со големи (30:13), со што практично беше и решено прашањето околу победникот.

Малешевиќ беше прв стрелец во победничката екипа, постигна 23. поени, имаше и осум скока и шест асистенции. Митревски заврши со 15.поени, Л. Вилсон дојде до 13, Си-Џеј Вилсон и Крстевски додадоа по 12, а Дејвис имаше 11,.
Во гостинската, Билингсли застана на бројката од 27.поени, на кои придодаде и 11. скока, Четмен финишираше со 12, а Бетсон и Рушити имаа по 11.
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 2. КОЛО
Пелистер – Чаир 2030 104:74
11. ОКТОМВРИ (САБОТА)
13.00: ТФТ – Работнички
СРЦ „Кале“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/h330x_HHqEo?si=f4t6YXitAJ3PNShX
17.00: Тиквеш Голден Игл – Кожув
Сака „Јасмин“ – Кавадарци
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/WQGvP44PKfY?si=mQHIFxHHrVbOCKdW
17.00: Ангели – Гостивар
Сала „Независна Македонија“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/F9cVrH3nR2s?si=q1zTgs4-908UQ7nH
17.00: МКК Куманово – Маџари
Спортска сала – Куманово
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/xzEjZkjqNcU?si=y40MJOoQMyNDl5fa
* натпреварот се игра без присуство на публика
12.ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА)
20.00: МЗТ Скопје Аеродром – Феникс 2010 (МРТ3)
Голема сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/NHTczb25uvc?si=bMLc1viQC2MXn-la